МЗ: Осуммина починати, 112 новозаболени,159 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3, Ресен-1.

Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6948, активни 683

• Куманово 1755, активни 180

• Дебар 285, активни 43

• Штип 1252, активни 49

• Прилеп 673, активни 126

• Тетово 1426, активни 159

• Струга 669, активни 49

• Велес 323, активни 34

• Битола 303, активни 62

• Охрид 426, активни 39

• Кавадарци 236, активни 47

• Гостивар 931, активни 89

• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 242, активни 154

• Крива Паланка 107, активни 25

• Радовиш 79, активни 16

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 353, активни 152

• Пробиштип 112, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 12

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 103, активни 36

• Валандово 32, активни 22

• Виница 111, активни 28

• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 347, активни 39

• Кичево 326, активни 37

• Ресен 165, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1372 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-276, Биотек-184, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 57

• Гази Баба – 79

• Аеродром - 102

• Карпош – 88

• Центар – 98

• Кисела Вода – 84

• Ѓорче Петров – 52

• Бутел - 26

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 12

• Арачиново – 7

• Илинден – 29

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 6

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-3

Папата Фрањо упати честитка до монсињор Стојанов по повод 25-годишниот бискупски јубилеј

25-годишен јубилеј од хиротонијата на Киро Стојанов.

Апостолскиот нунциј во земјава монсињор Лучано Суријани, придружуван од првиот советник во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца, вчера во бискупската резиденција на Водно лично му ја предаде честитката од папата Фрањо на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод неговиот 25-годишен јубилеј од хиротонијата.

- Наполнуваш дваесет и пет години од твојата епископска хиротонија. Ви го честитаме овој јубилеј и пастирската служба која грижливо ја извршуваше. Тоа всушност е служба на постојано проповедање на Евангелието и посветено толкување на христијанската вистина. Преку застапништво на Пресвета Богородица, која се вознесе на небо, Го молиме Господа за ведрина на духот и добро здравје. Исто така упатуваме благослов до Тебе и твоето стадо, со понизна молба да упатувате молитви, па така – зајакнати со верата, надежта и љубовта – посветено да ја извршуваме петровата служба, се наведува во честитката.

Редовната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БИХ ќе се одржи на 15 мај

Редовната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Босна и Херцеговина ќе се одржи на 15 мај, соопшти Советот за безбедност на ОН.

Засега не се објавени дневниот ред и времето на одржување на седницата.

На 30 април на барање на Русија се одржа вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Владата на Република Српска претходно до Советот за безбедност на ОН достави извештај за состојбата во БиХ, со посебен осврт на последиците од евентуалното усвојување на резолуцијата за Сребреница, која беше поднесена до Генералното собрание без согласност од сите три конститутивни народи во БиХ.

Редовни седници на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина се одржуваат двапати годишно. /МИА

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи трпението поради чекање за влез во ЕУ

Анкетата покажа дека 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс.

Земјите од Западен Балкан се строго поделени меѓу Западот и Русија, а некогаш силната поддршка за пристапување во Европската Унија сега се намалува, покажува неодамнешната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Резултатите од анкетата февруари-март, која истражувачката група со седиште во Вашингтон ја спроведе во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, доаѓаат во време кога регионот се соочува со обновени етнички тензии во услови на забавување на проширувањето на ЕУ и пораст на проруски чувства.

Анкетата покажа дека огромно мнозинство во Албанија и Косово сакаат нивните земји да следат недвосмислено проевропска унија и прозападен курс, додека само 10 отсто од испитаниците во Србија го дале истиот одговор.

Мнозинството од анкетираните Срби посочија дека сакаат Србија или да ги задржи врските со Русија или да води проруска надворешна политика.

Анкетата покажа дека 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс.

„Генерално, прозападниот тренд во регионот е силен, со неколку забележителни исклучоци“, изјави Пол Мекарти, директор на Меѓународниот републикански институт за Европа, за Гласот на Америка.

„Србија оди спротивно од другите пет земји во регионот; таа е повеќе проруска, го обвинува Западот за конфликтот во Украина, има многу низок рејтинг за приклучување кон Европската Унија“.

Мекарти рече дека прозападните тенденции се омекнати и во Црна Гора и Македонија, и покрај тоа што станаа членки на НАТО, како и во Босна, каде Турција ги замени САД како клучен сојузник на босанските муслимани.

И Србите се против членството во НАТО: само 3 отсто од испитаниците во Србија рекоа дека го поддржуваат.

„Луѓето го губат трпението со чекањето за влез во Европската Унија. Дел од ова се објаснува и со фактот дека Украина е поканета и други земји, додека во повеќето случаи земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од две децении во редот за влез во Европската Унија“, рече Мекарти.

„Поддршката за пристапувањето во ЕУ почнува да омекнува во оние земји каде што беше многу, многу силна“.

Сепак, анкетата на ИРИ покажа дека, со исклучок на Србија, големо мнозинство во петте балкански земји сепак ќе гласаат за пристапување во ЕУ.

Во Србија, 40 отсто од испитаниците во анкетата рекле дека ќе гласаат за членство во ЕУ, додека 34 отсто би гласале против, а 17 отсто нема да гласаат.

Мекарти рече дека анти-ЕУ ставот во Србија ја поттикнува нејзината влада, која ги користи медиумите за да ги охрабри луѓето да ги напуштат надежите за членство во ЕУ и „да ги нагласи односите со странските авторитарни актери како Русија и Кина“.

Геополитичките поделби на Западен Балкан беа очигледни и во анкетата за ставовите на испитаниците кон руската инвазија на Украина.

Анкетата покажа дека 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Мнозинството од испитаниците во Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија рекоа дека акциите на Русија во Украина се „донекаде“ или „целосно“ неоправдани, став што го делат 37 отсто од испитаниците во Србија.

Кој се смета за сојузник, а кој за непријател?

Долгогодишните несогласувања и етнички спорови продолжуваат да фрлаат сенка врз Западен Балкан повеќе од три децении откако распадот на Југославија доведе до крвави војни.

Осумдесет и три отсто од Косовците ја гледаат Србија, која ја отфрла независноста на Косово, како закана, додека 68 отсто од Албанците во Албанија ги сметаат Србија и Русија како главна опасност за нивната земја.

Мнозинството во Косово и Албанија ги гледаат САД, кои се заслужни за водењето на 78-дневната интервенција на НАТО во 1998-1999 година за да се запре етничкото чистење на Србија на албанското мнозинство во Косово, како клучен сојузник на нивните земји.

Во Босна, Турција се смета за најголем сојузник, а Србија како најголема закана, додека 34 отсто од Македонците ја гледаат Србија како свој главен сојузник, додека Бугарија, која го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ, ја гледаат како нивен главен непријател.

Во Црна Гора, 32 отсто од испитаниците во анкетата на ИРИ ја навеле Србија како најважен сојузник на нивната земја, додека 19 отсто ги навеле САД како најголема закана.

Во Србија, 36 отсто од испитаниците ги навеле САД како главна закана на земјата и Русија како нејзин клучен сојузник. /МИА

притисни ентер