МЗ: Од утре до недела портокалова фаза во цела држава - Канал 5

МЗ: Од утре до недела портокалова фаза во цела држава

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена - од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.

МЗ: Од утре до недела портокалова фаза во цела држава

Во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Во овој период, почнувајќи од четврток (21.07), сите региони во државата - скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката и со цел заштита на здравјето на населението, Министерството за здравство ги дава следните препораки:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и хронично болни лица.

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Потсетуваме дека населението во летниот период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:

- Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.

- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

- Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, соопшти Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)

Пиленце од северниот пингвин од расата рокхопер, создадено преку вештачко оплодување, беше претставено пред јавноста во зоолошката градина „Ширахама Адвенчер Ворлд“ во префектурата Вакајама, Јапонија.

Се роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)

Загрозениот вид пингвин се извело на 28 октомври, што го прави првото младенче од северниот пингвин од расата рокхопер во светот родено преку овој процес.

Ова беше потврдено со ДНК анализа, според локалните медиуми.

Пилето тежело 62 грама при раѓањето, а до 27 ноември достигнало 561 грам.

YouTube video

Раѓањето на пингвинското пиле беше емитувано во живо на YouTube, а официјалните лица ја покануваат јавноста да предложи име за новороденото пингвинче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарците изгласаа забрана за приватни огномети, јавните остануваат дозволени

Гласачите во Швајцарија денеска на референдум одобрија забрана за приватна употреба на бучни огномети, и покрај противењето на владата и парламентот. 

Швајцарците изгласаа забрана за приватни огномети, јавните остануваат дозволени

Организираните јавни огномети на фестивали и национални прослави ќе останат дозволени. Според конечните резултати на Федералниот завод за статистика, 59,8 проценти од гласачите гласале за забраната, објавува германската агенција Дпа.

Референдумот Швајцарците го одржаа на барање на граѓанска иницијатива која предупреди за стресот и паниката што ги предизвикуваат гласните огномети кај домашните и дивите животни.

Јавните огномети остануваат дозволени

Забраната главно ќе се однесува на приватната употреба на огномети и се очекува да стапи во сила во следните две години. Организираните јавни огномети на фестивали и прославите на швајцарските национални празници ќе останат дозволени.

Забраната за огномет се дискутира во Германија со години, додека забраните веќе се воведени во некои европски земји, вклучувајќи ги Ирска и Холандија.

Владата и парламентот се спротивставија на забраната

Швајцарската влада и парламентот се спротивставија на забраната, истакнувајќи дека огнометите се традиција и израз на радост за многу луѓе. Тие исто така тврдеа дека бучавата ги вознемирува луѓето и животните само неколку дена во годината.

Меѓу аргументите против забраната беа можните големи финансиски загуби за пиротехничката индустрија.

Прскалките не се опфатени со забраната

Прскалките не се опфатени со новата забрана бидејќи не прават бучава.

Токму прскалките предизвикаа пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана за време на приемот во 2026 година, при што загинаа 41 лице, а десетици беа повредени.

По трагедијата, употребата на рачни прскалки и пиротехнички фонтани беше забранета на затворени јавни простори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Приштина: Мајка ги подведувала малолетните ќерки за пари, уапсени се три лица

Основниот суд во Приштина им одреди мерка притвор до 30 дена на тројца осомничени за тешки кривични дела трговија со луѓе и сексуална експлоатација на две малолетни девојчиња, од кои едната е нивната мајка.

Ужас во Приштина: Мајка ги подведувала малолетните ќерки за пари, уапсени се три лица

Одлуката ја донесе Одделот за сериозни кривични дела, постапувајќи по барање на Одделот за малолетници при Основното обвинителство во Приштина. Станува збор за иницијалите Е. Б., М. Ц. и Р. С., објави Телеграфи.

Според соопштението на судот, осомничената Е. Б. се товари за кривично дело трговија со луѓе, бидејќи е осомничена за груба злоупотреба на родителската положба и авторитет и овозможување сексуална експлоатација на сопствените малолетни ќерки во замена за пари и друга материјална корист. Од друга страна, М. Ц. и Р. С. се осомничени за користење сексуални услуги од жртви на трговија со луѓе.

Судот во своето образложение наведе дека мерката притвор од еден месец за сите тројца обвинети била неопходна. Клучните наведени причини се ризикот од бегство доколку бидат ослободени, реалниот ризик дека би можеле да влијаат врз малолетните жртви и да ја попречат истрагата, како и постоењето на специфични околности што укажуваат дека би можеле да ги повторат кривичните дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер