ЗдравјеМЗ: Од 416.614 вакцинирани со две дози само 167 се заразиле со Ковид-19Министерството за здравство информира дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози на вакцина против Ковид 19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани. Ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, што потврдува дека вакцината е корисна, односно е единствениот начин да се смени сликата зa пандемијата. Според последната анализа во период од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за Ковид 19, од нив 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена после вакцинација со втората доза. Ова укажува на фактот дека вакцината е ефикасна само кога се примени две дози и кога од примената втора доза има поминато повеќе од 14 дена. Само 10% од сите активни случаи во јули, се заразиле со ковид по примена втора доза. Помеѓу позитивните, има вакцинирани со Синофарм, Астра Зенека, Спутник В, Фајзер, а меѓу нив има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на Модерна. Министерството за здравство апелира дека во овој период важно е граѓаните да покажат што поголем интерес за вакцинација и да се вакцинираат, бидејќи само со колективен имунитет може да се спречи мутирањето на вирусот СарсКов 2 и неговото рапидно ширење. Во нашата земја се уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта, како во светот така и во регионот, многу брзо истиот може да се прошири и кај нас. Досега во земјава се детектирани 30 тина случаи на делта варијантата. Во државата има доволно вакцини, а сега на најбрз начин може да се дојде до термин за вакцинација. Во моментов за прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер. Министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околинатаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес .Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Весна Јаневска во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Весна ЈаневскаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми. Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството. Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем. Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот. Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа. Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата. Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook