МЗ: Обезбедени повеќе средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин - Канал 5

МЗ: Обезбедени повеќе средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин

Со ребалансот на Буџетот дополнително се обезбедени средства во висина од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин.

МЗ: Обезбедени повеќе средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин

Со ребалансот на Буџетот што вчера на седница го усвои Владата, дополнително се обезбедени средства во висина од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствено осигурување се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита, соопшти Министерството за здравство.

Владата, како што се посочува, ја усвои информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на Универзитетска клиника за кардиологија.

Исто така, се усвои и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември"–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата, стои во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет

„Се издвоија околу 6 милиони денари за целата оваа постапка. Она што го направивме како Влада, уште на самиот почеток, одма, веднаш интервениравме. 

Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет

Од првиот ден почнавме да носиме миниум по два шлепери на ден. Околу 70 тони питка вода за пиење“, рече во „Вести Плус“ на Канал 5, Ивица Томовски, директор на Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Томовски се осврна на мерките кои биле преземени од страна на СОЗР и Владата за време на кризната состојба со водата во Гостивар. Тој посочи дека интервенирале уште од првиот ден и како што кажа тој, на граѓаните на Гостивар во континуитет им биле доставувани најмалку по два шлепери дневно, односно околу 70 тони питка вода дневно.

„Можам да кажам дека во континуитет доставуваме по 2 шлепери, некогаш имаше и одредени поголеми количини бидејќи имаше и компании коишто донираа дополнителни количини на вода. Мислам дека покривме целосно за граѓаните, беше доволно бидејќи кон крајот како завршуваа деновите дел од граѓаните имаа обезбедено и поголеми количини во своите домови“, заврши Томовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронот што НАТО го собори над Латвија бил украински

Вооружените сили на Латвија објавија дека дронот соборен во воздушниот простор на балтичката земја на 14 август е од украинско потекло, што е најновиот во низата инциденти како што се прелева војната на Русија против Украина во соседните земји.

Дронот што НАТО го собори над Латвија бил украински

Италијански борбен авион стациониран во Балтикот собори дрон откако влезе во воздушниот простор на Латвија, членка на Европската Унија и НАТО, за време на украинските напади врз руските пристаништа, објави НАТО.

Дронот влегол од Белорусија

Дронови на украинската армија што таргетираат цели во Русија неколку пати оваа година залутаа во воздушниот простор на балтичкиот регион и го вклучија алармот. Латвиските вооружени сили објавија дека дронот влегол во Латвија од Белорусија, најверојатно поради руско електронско блокирање. Тие одбија да дадат дополнителни детали за дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)

84-годишна баба е пронајдена жива три дена по силниот земјотрес што ја погоди источна Индонезија, во спасувачка операција што локалните власти ја опишаа како чудо.

Чудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)

Земјотресот со јачина од 7,7 степени уби најмалку 73 лица, повреди повеќе од 900 и остави речиси 60.000 бездомници.

84-годишната Паулина Поби беше пронајдена жива во вторник, три дена откако земјотресот го погоди подрачјето во сабота наутро, во близина на островот Флорес.

Свлечиште предизвикано од земјотресот го блокираше пристапот до селото Нитунглеа, каде што живееше постарата жена, заробувајќи ја под урнатините на нејзината куќа од бамбус.

Шефот на полицијата во округот Сика, Бабанг Супено, им изјави на локалните медиуми дека 84-годишната жена е безбедно извлечена од урнатините и однесена во најблискиот здравствен центар на лекување.

„Таа не можеше да се движи ниту да зборува“

Според локалниот службеник Рудолфус Риба, жената не можеше да се движи ниту да повика помош бидејќи беше парализирана.

„Бидејќи беше парализирана, не можеше да се движи ниту да зборува, па нејзиното семејство конечно ја пронајде четвртиот ден“, изјави тој за француската новинска агенција АФП.

Нејзината состојба беше опишана како добра, бидејќи немаше повреди. Спасувачите рекоа дека била само исцрпена, не јадела ниту пиела вода неколку дена.

„Се чини нереално, речиси како чудо“, рече Риба.

Индонезија е во целосен хаос по земјотресот. Иако некои продавници, бензински пумпи и други објекти на островот се повторно отворени, патиштата сè уште се покриени со урнатини додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините за можни жртви.

Индонезиската агенција за управување со катастрофи соопшти дека 398 тони помош, вклучувајќи храна, шатори, засолништа за раселени лица и донации од граѓани, се доставени до погодените области.

Сепак, дистрибуцијата на помош е попречена од планинскиот терен на Флорес и штетите на патиштата предизвикани од земјотресот.

Владата ја зголеми употребата на воени авиони, бродови и персонал за поддршка на операциите во оддалечените области.

Според портпаролот на агенцијата за управување со катастрофи, Бартон Панџаитан, операцијата останува тешка поради географските карактеристики на областа.

Во меѓувреме, геолошката агенција на Индонезија регистрираше повеќе од 3.000 последователни потреси од саботата, од кои најмалку 86 беа доволно силни за да ги почувствуваат жителите.

Постојаните потреси предизвикаа страв кај многу жители, кои избегнуваат да се вратат во своите оштетени домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер