МЗ: Носењето заштитна опрема за носот и устата задолжително за сите граѓани - Канал 5

МЗ: Носењето заштитна опрема за носот и устата задолжително за сите граѓани

Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот, потсетуваат од Министерството за здравство.

МЗ: Носењето заштитна опрема за носот и устата задолжително за сите граѓани

За заштита од коронавирусот на населението од денеска за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот, потсетуваат од Министерството за здравство.

Задолжително е, додаваат од МЗ, носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.

-Уредбата за задолжително носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата се донесува заедно со уредбата за намалување на ограничувањето на мерките и е клучна во превенцијата од ширењето на вирусот. За личната и колективна заштита може да се користи маска или прекривка на устата и на носот кои целосно ги покриваат устата и носот. Почитувањето на оваа мерка од страна на сите граѓани, на цела територија на Република Северна Македонија е исклучително важно заради заштита на сопственото здравје, здравјето на своите најблиски и колективното здравје, зошто само со заштита може да се спречи значајното зголемување на бројот на ново дијагностицирани пациенти, се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство.

Носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата, појаснуваат оттаму, не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.

-Носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата мора да биде проследено со зголемена хигиена на раце и граѓаните мора да се многу внимателни како се става, а како се вади прекривката како се манипулира заради тоа што и нечисти раце во надворешна средина при манипулацијата може да предизвикаат инфекција. Важно е редовно да се одржува хигиена на прекривката на носот и устата, односно да се пере и пегла прекривката за повеќекратна употреба по секое носење, а маските за еднократна употреба да се отстрануваат правилно во затворени кеси во отпад, велат од Министерството.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани целосно и без искулчок да ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема за покривање на носот и устата, задолжително често и темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Заштитата на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје, потенцираат од МЗ, е одговорност на секој граѓанин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар

Француската полиција уапси најмалку пет лица поврзани со кражбата на четири уметнички дела од музејот Реноар на 8 септември.

Петмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар

Се верува дека меѓу уапсените се двајца директни сторители. Според весникот „Нис-Матен“, кој прв извести за апсењата, осомничените би можеле да бидат дел од организирана криминална група, пишува „Еуроњуз“.

Кражбата се случила во зори на 8 септември. Градоначалникот Брајан Масон изјавил за локалната станица „Иси Азур“ дека сторителите биле добро опремени и добро информирани. Тие влегле во музејот низ градината, каде што ја исекле оградата, а потоа го скршиле прозорецот на приземјето од зградата. Тие користеле електрична пила за да ги исечат држачите што ги прицврстувале рамките за слики. Масон додаде дека дуото било „забележано благодарение на градските камери за надзор“.

Плен вреден девет милиони евра

Вкупната вредност на украдената уметност се проценува на девет милиони евра. Две слики се пронајдени во градината на музејот. Според изјавата доставена до агенцијата АП, крадците ги отфрлиле за време на нивното бегство од полицијата, која била активирана од алармот. Потрагата по преостанатите две слики сè уште е во тек. Станува збор за делата „Портрет на г-ѓа Колона Романо“ од 1910 година и „Млада жена на бунарот“ од 1886 година.

Музејот на Реноар се наоѓа во медитерански град помеѓу Кан и Ница и е негова најпозната знаменитост. Музејот е отворен во 1960 година во куќата што била последниот дом на сликарот. Реноар живеел таму до својата смрт во 1919 година, кога починал од пневмонија на 78-годишна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство

Минисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.

Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство

„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки.

Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра.

Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации.

Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападите, повторно проработеа погоните на „Шел“ во Катар

Британско-холандскиот енергетски гигант „Шел“ објави дека делумно ги обновил операциите во катарскиот објект „Перл-ГТЛ“ за преработка на природен гас во течни горива, вклучувајќи дизел со ниска содржина на сулфур, како и керозин. 

По нападите, повторно проработеа погоните на „Шел“ во Катар

„Шел“ изјави дека овој потег ќе им овозможи да создадат ограничени залихи на производи, додека можноста за нивна испорака сè уште зависи од безбедносната состојба во регионот.

Енергетската компанија „КатарЕнерџи“, според трговците, започнала да нуди пратки на физичкиот пазар, вклучувајќи нафта од објектот „Перл-ГТЛ“, и продолжила со одредени договорени испораки. Така, производите од таа фабрика почнуваат да се враќаат на пазарот каде што понудата е ограничена.

Петтина од светските пратки минувале низ Ормускиот теснец

До почетокот на американско-израелската војна против Иран, околу 20 проценти од светските пратки на нафта и течен природен гас минувале низ Ормускиот теснец, потсетува „Ројтерс“. За време на војната, Техеран ја презеде контролата врз Хормуз и дозволи премин само на бродовите на група пријателски земји.

Во март, катарскиот гасен гигант QatarEnergy ги информираше клиентите дека поради оштетените објекти, нема да може да ги снабдува со течен гас според договорените услови. Потоа Иран ги нападна нафтените и гасните објекти во земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи го и Катар, откако Израел го нападна гасното поле Јужен Парс во Иран.

Иранските напади уништија 17 проценти од капацитетот за извоз на течен природен гас во Катар, а нивното обновување може да трае од три до пет години, изјави тогаш шефот на QatarEnergy, Саад ал-Каби.

Неименувани извори запознаени со плановите изјавија за Ројтерс дека првата фабрика за течен природен гас во проектот за проширување на Северното поле Исток на QatarEnergy ќе биде подготвена да започне со работа во ноември. Ова треба да му овозможи на Катар да врати дел од изгубеното производство.

Поправките треба да бидат завршени до почетокот на следната година

Објектот Pearl, кој е во целосна сопственост на Shell, се снабдува со природен гас од Северното гасно поле во Катар и исто така беше оштетен во март. Ракетите оштетија еден од двата погони за преработка во Pearl GTL, кој со полн капацитет може да произведува 140.000 барели еквивалент на нафта дневно. Производството на Pearl е исто така дел од синџирот на снабдување со рафинерии на Shell, вклучувајќи го и бизнисот со мазива.

Поправките на оштетената фабрика за преработка на гас треба да бидат завршени во првиот квартал од следната година, изјави портпаролот на Shell. Во март, тие проценија дека ќе биде потребна една година за целосно поправање на Pearl. Shell забележува дека безбедното и сигурно работење на Pearl зависи од регионалната безбедност, вклучително и безбедното поминување на пратките низ Ормускиот теснец.

QatarEnergy објави тендер за продажба на нафта

Неколку трговци активни на пазарот изјавија дека QatarEnergy објавил тендер за продажба до 50.000 метрички тони од четири различни видови нафта на физичкиот пазар, вклучувајќи ја и онаа од Pearl GTL.

Продажбата се нуди со клаузула за транспорт FOB, односно бесплатно, од катарското пристаниште Рас Лафан, кое се наоѓа во рамките на Ормускиот теснец. Според таа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска кога ја испорачува стоката преку оградата на бродот во наведеното пристаниште за товарење.

Последниот тендер за продажба на нафта од страна на државната компанија, во кој учествуваше и Pearl GTL, беше склучен со попуст од 150 долари во споредба со пазарните цени на Блискиот Исток, исто така со клаузула FOB.

Катарската компанија продолжи да испорачува договорени количини нафта на индивидуални клиенти. Индиската „Халдија петрохемикалс“ ги доби своите 50.000 метрички тони закажани за овој квартал, изјави во понеделник претставник на компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер