1Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
2Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании
3Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
ЗдравјеМЗ: На кардиологија за првпат изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аортОд Клиниката за Кардиологија информираат дека за првпат самостојно од тимот лекари беше изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42 годишен пациент.На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови. Ова претставува животно загрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е скоро 100%. Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози д-р Жан Зимбаков и д-р Оливер Бушљетиќ, васкуларен хирург д-р Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска. „Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри", изјави директорот на Клиниката, д-р Жан Зимбаков. Во ангио-сала на клиниката, кај пациентот, во целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал. Стентот со дијаметар 30 мм и должина 200 мм, беше поставен веднаш после артерија субклавија, односно артеријата која носи крв во левата рака и главата. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на ѕидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата. Процедурата помина уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки беше "сошиена", а пациентот успешно разбуден после анестезијата. Одделение за односи со јавноста Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисотЕдна година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот. „Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките. СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања. Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци. Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка. Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра. Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја. Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компанииВладата на СДСМ прифати се што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција, истакна во интервју за Радио Лидер, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. “ Во 2022 година СДСМ сѐ прифатија на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании — на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеа затоа што видоа дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче.” – истакна Николоски. Суштинската разлика како што потенцира Николоски е тоа што, СДСМ ги продавала националните интереси и затоа граѓаните ги казниле на изборите. “ Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетонирана на горе-долу оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем” – истакна Николоски во интервјуто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИзгледа како помала „Octavia“, но чини само 10.000 долариШкода „Slavia“ штотуку стана уште поинтересна, со проширена опрема и верзија „Monte Carlo“.Шкода „Slavia“, компактен седан дизајниран за индискиот пазар, доби освежување на изгледот за моделската 2026 година. Автомобилот сега се одликува со помодерен изглед, подобрена опрема и спортска верзија „Monte Carlo“, со почетна цена од околу 10.400 долари. Редизајнираната „Slavia“ ја задржува карактеристичната форма слична на поголемата „Octavia“, но воведува неколку визуелни новини. Предниот дел добива нова маска на ладилникот, изменет браник и ревидирана графика на „LED“ предните светла, додека задниот дел добива црна украсна лајсна со натпис „Škoda“ меѓу задните светла и нова „LED“ графика со секвенцијални трепкачи. Седанот е долг 4.552 мм, а неговиот профил останува главно непроменет, со исклучок на новите 16-инчни алуминиумски бандажи. Купувачите можат да избираат и меѓу новите бои: „Arctic Silver“ (сребрена) и „Cappuccino Beige“ (беж). „Monte Carlo“ за спортски изглед Врвната изведба „Slavia Monte Carlo“ се одликува со црни 16-инчни бандажи, црвени сопирачки клешти, црни детали, црвени акценти на маската, црн покрив и суптилни аеродинамични додатоци. Каросерискиот пакет вклучува преден сплитер, продолженија на праговите, мал заден дифузор и спојлер на капакот на багажникот. Сепак, спортската верзија нема модификации на суспензијата или погонскиот систем. Главните карактеристики на кабината вклучуваат црни украсни елементи и црвени акценти. Повеќе технологија, исти мотори Кабината е надградена со поголем екран од 10,1 инчи за мултимедијалниот систем, кој вклучува функции со вештачка интелигенција, како и нова дигитална инструмент-табла од 12,25 инчи, која го заменува претходниот дисплеј од 8 инчи. Опремата сега вклучува задни седишта со функција за масажа, камера од 360 степени и подобрен систем за климатизација. „Slavia“ стандардно доаѓа со шест воздушни перничиња, но нема напредни системи за помош на возачот кои се дел од „ADAS“ пакетот. Во понудата остануваат два турбо-бензински мотори. Основниот мотор 1.0 TSI развива 115 КС и може да се комбинира со шестстепен мануелен или со нов осумстепен автоматски менувач. Помоќниот 1.5 TSI испорачува 150 КС и е достапен исклучиво со седумстепен „DSG“ менувач и погон на предните тркала. Овој мотор сега доаѓа и со задни диск-сопирачки, кои ги заменуваат претходните барабан-сопирачки. Почетната цена на моделот „Slavia“ во Индија изнесува околу 10.400 долари, додека верзијата „Monte Carlo 1.5 TSI DSG“ чини приближно 19.500 долари.Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00