МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 813 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 113 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 118, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 64 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1282 и има колку 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

притисни ентер