МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 738 пациенти, слободни кревети има - Канал 5

МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 738 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 738 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 738 пациенти, слободни кревети има

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 40 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 87 во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 24 во Кичево 19, Кавадарци 52, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1217 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лице

Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.

Манасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лице

СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село.

Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село.

За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви.

Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив.

Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Драстичен пад на горивата, дизелот поевтинува за 8, бензинот за 4 денари

Од полноќ нови цени на горивата. 

РКЕ: Драстичен пад на горивата, дизелот поевтинува за 8, бензинот за 4 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%.

Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова патека и нов ски лифт на Михајлово

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.

Јанчев: Нова патека и нов ски лифт на Михајлово

-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер