МЗ:На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1392 пациенти, слободни кревети има - Канал 5

МЗ:На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1392 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. 

МЗ:На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1392 пациенти, слободни кревети има

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 болни, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 117, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1392 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се закани со ново оружје

Иран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.

Иран се закани со ново оружје

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД.

-Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник.

Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер