МЗ: „Козле“ доби сертификат за квалитет и безбедност во лекување и грижа за децата - Канал 5

МЗ: „Козле“ доби сертификат за квалитет и безбедност во лекување и грижа за децата

Во продолжение е соопштение од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи и ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле - Скопје.

МЗ: „Козле“ доби сертификат за квалитет и безбедност во лекување и грижа за децата

ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле - Скопје, се стекна со сертификат за акредитација - висок степен на исполнетост на стандардите за обезбедување квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

Согласно спроведеното надворешно оценување, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи за примена на оптималното ниво на однапред утврдените национални стандарди за работа на здравствените установи, ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација во важност од три години.

Националните стандарди на акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологијата на ISQua (The International Society for Quality in Health Care ) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа. Акредитацијата во здравствени установи се спроведува согласно член 240 од Законот за здравствена заштита.

ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје како најголем национален и регионален центар покажа висок степен на исполнетост на стандардите кој овозможуваат квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања.

Клиниката покажа дека се стреми кон постепено воспоставување на модерна педијатриска интензивен нега во третманот на најтешките пациенти, како и кон континуирана едукација и усовршување на медицинскиот кадар, со посебен акцент на нови медицински технологии, телемедицина и интердисциплинарна работа. Главните вредности ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле:

· Обезбедување на квалитетна здравствена заштита за семејствата во топла и подржувачка средина.

· Тимската работа која се рефлектира во функционирањето на установата како целина во која секој вработен се вреднува како непроценлив човечки капитал со постојано унапредување на знаењето и вештините преку континуирана медицинска едукација и стручно усовршување.

· Создавање на нови граници во педијатриска нега, истражување и образование.

· Соработка со давателите на основните здравствени услуги.

· Застапување на децата и поддршка на улогата на семејството.

· Едукација на пациентите и родителите за превенција, самолекување и самопомош.

· Обезбедување на здрава работна средина во која се почитува различноста и ги потгикнува вработените да го достигнат својот целосен потенцијал.

· Потикнување на култура која ја наградува иницијативата, континуираното учење, донесувањето одлуки и тимската работа.

· Демонстрирање на вредности преку одговорно управување и контрола на трошоците.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер