ЗдравјеМЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти Се очекува и во делот на болничката позитивна листа да бидат воведени нови лекови што се дел од современите третмани за оваа категорија на пациенти. Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти, велат од Министерството за здравство за МИА. Одговарајќи на нашите прашања во однос на терапијата за онколошките пациенти, оттаму потенцираат дека и оваа категорија на лекови се разгледува од страна на комисијата, согласно пристигнатите апликации од фармацевтските компании. - Се очекува и во делот на болничката позитивна листа да бидат воведени нови лекови што се дел од современите третмани за оваа категорија на пациенти. Современата онколошка терапија е веќе достапна за пациентите преку условните буџети што ги доделува Фондот на здравствените установи, а со нивно ставање на позитивната листа ќе се забрзаат процесите за нивна набавка, подвлекуваат од Министерството за здравство. Во месецот посветен на борбата против рак на дојка, одговарајќи на нашите прашања, од Министерството информираат дека во 2023 година во рамки на скринингот за рано откривање рак на дојка се извршени снимања кај вкупно 4.987 жени, додека од почетокот на 2024 година досега, се прегледани вкупно 9.152 жени. - Скринингот, годинава се одвива во вкупно 14 јавни здравствени установи и тоа на Универзитетски институт за радиологија, на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, во ГОБ „8 Септември“, во трите клинички болници во Тетово, Штип и Битола, поликлиника „Железара“, во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“, како и во болниците во Кавадарци, Велес, Куманово и Струмица, појаснуваат од Министерството. Инаку, додаваат оттаму, согласно новата патека за упатување на пациентките, во кабинет за дојка во системот „Мој термин“ се евидентирани вкупно 13.705 прегледи од почетокот на годинава. - Во однос на ехо прегледи на дојка, само на Институт за радиологија во 2023 година се извршени вкупно 1.618 прегледи, а во 2024 година, досега, се реализирани вкупно 888 прегледи. На ниво на цела држава, во 2023 година се извршени вкупно 18.886 ехо прегледи и 16.421 мамографски преглед, додека годинава, досега, се извршени вкупно 11.676 ехо прегледи и 6.693 мамографии, информираат од Министерството. Од аспект на опременоста на јавните здравствени установи со дијагностички апарати, потенцираат дека со поддршка од Европската банка за обнова и развој, изминатиот период биле обезбедени мамомати и ехо апарати за Институтот за радиологија, ГОБ „8 Септември“, Клиничка болница - Тетово и општите болници во Куманово, Струмица, Струга и Дебар. Сите апарати биле ставени во функција и станувало збор за најсовремени дијагностички апарати, од кои три, со томосинтеза и стереотаксична биопсија. Дополнително, со средства од Министерството за здравство, била комплетно опремена нова амбуланта за мамографски скрининг во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. - Министерството почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван - Превенцијата е најдобра заштита“, што се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје сити мол“ и „Синеплекс“, потсетија од Министерството. Притоа, потсетија, исто така, дека главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка. Промена на Позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, ова се барањата на онколошките пациенти. Тие бараат нови терапии како што има во сите развиени европски, светски земји, бараат нови современи терапии, современ начин на скрининг и на дијагностика. Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент, во изјава за МИА рече дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови. - Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter