МЗ: Клиниката за нефрологија со комплетно нов лик - Канал 5

МЗ: Клиниката за нефрологија со комплетно нов лик

Набавена нова медицинска опрема и целосно реновирани одделите за интензивна нега, трансплантација, дијализа и васкуларни пристапи.

МЗ: Клиниката за нефрологија со комплетно нов лик

Министерството за здравство информира дека на Универзитетска клиника за нефрологија е извршено комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи.

Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со бубрежни заболувања.

Со реновирањето е извршена комплетна замена на медицинскиот инвентар, како и инвентарот во помошните простории за медицинскиот персонал, при што е обновена и салата за васкуларни пристапи за пациентите на хроничен хемодијализен програм.

Покрај градежните работи, со кои комплетно е променет изгледот на клиниката, направена е целосна замена на болничките кревети и помошна немедицинска опрема. Инаку, во делот на медицинска опрема е набавен нов ЕХО апарат, пациент-монитори за следење витални параметри во единицата за интензивна нега, а извршена е замена на инсталацијата и доводот на кислород. Набавен е и современ хирушки стол и осветлување, а целосно е обновен и инструментариумот, со што значително се подобруват условите како за пациентите, така и за стручниот тим нефролози, кои ги работат сложените процедури, како што се артери-венски фистули, трајни и времени катетери за хемодијализа и сл.

Во насока на унапредување на третманот на пациентите со бубрежни заболувања, обезбедени се современи апарати за континуирани методи на хемодијализа за третирање на најкомплексните пациенти со бубрежно затајување, кои бараат интензивна нефролошка нега. Обезбеден е и апарат за процедури за прочистување и замена на плазма кај пациенти со системски заболувања, како што се гломерулонефрити, системски лупус и останати пациенти со комбинирани системски нефролошки, ревматолошки, хематолоши, кардиолошки и пулмонални заболувања, кај кои преземањето на овие терапевтски интервенции се животоспасувачки.

Исто така во тек се подготовки на тимови од нефролози и инфектолози за изведување специфични третман кај најтешките пациенти со Ковид-19 инфекции, кај кои е поставена индикација за лекување на такананаречена „цитокинска бура”, според прифатените светски протоколи.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри.

За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети.

Во формирањето на Советот за соработка на високо ниво, таа препознава политички чекор напред.

За амбасадорот Акташ, стратешкото партнерство е од голема важност за обете земји.

Сиљановска-Давкова гледа отворен простор за соработка во економијата, трговијата, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, културата и образованието.

Таа ја поздрави Балканската платформа за мир, иницирана од Република Турција, како рамка за градење регионална стабилност низ дијалог.

За обajцата, турската заедница е важен сегмент на македонскиот етнички и религиозен мозаик, како што и граѓаните со македонско потекло во Турција се цврст меѓудржавен мост.

Тие споделија лични приказни коишто ги поврзуваат: амбасадорот Акташ укажа на своето македонско семејно потекло, а претседателката потсети дека е родена во турска куќа во Охрид.

На крајот, таа му посака успех во извршувањето на одговорната амбасадорска функција, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајцата најстари мажи на светот си ги честитаа родендените- родени се во ист ден (ВИДЕО)

Двајцата најстари мажи на светот, Австралиецот Кен Викс (113) и Бразилецот Жоао Марињо Нето (114), си ги честитаа родендените, кои ги слават на ист ден, на спротивни страни од светот.

Двајцата најстари мажи на светот си ги честитаа родендените- родени се во ист ден (ВИДЕО)

Размената на роденденски честитки беше забележана и од Гинисовата книга на рекорди на 5 октомври, според која Жоао Марињо Нето е официјално најстариот маж на планетата.

Ги делат 14.000 километри

Двајцата мажи се поврзани со ист датум на раѓање и фактот дека се двајцата најстари живи мажи на светот, и покрај тоа што се одвоени околу 14.000 километри.

Викс, кој живее во домот за стари лица Видон во Графтон, Нов Јужен Велс, беше воодушевен од посебната порака што ја доби од Марињо Нето и му ја врати пораката со видео во кое му се заблагодари, а воедно му посака и среќен роденден.

Жоао Марињо Нето е најстариот маж на светот од ноември 2024 година, кога имаше 112 години, што го прави неговиот втор роденден на таа највисока позиција.

Совет за долг живот

Според Гинисовата книга на рекорди, тој е 13-тиот најстар Бразилец и најстариот машки жител на Бразил.

Тој има шест живи деца, 22 внуци, 15 правнуци и три пра-правнуци.

Кога го прашале каков совет има за долг живот, Марињо Нето претходно рекол дека ако некој сака да има долг живот, треба да се опкружува со добри луѓе и да ги држи најблиските блиску до себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две икони, една нова ера: Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Името е познато, но приказната е нова.

Две икони, една нова ера: Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

BMW X5 и BMW Серија 7 Седан во своите нови генерации денеска беа претставени пред македонската публика. Два препознатливи модели, со различен карактер и различна намена, но со нови беспрекорни решенија во дизајнот, технологијата и начинот на кој го доживуваат возењето.

Нивната приказна е различна, но заедничкиот јазик е јасен: моќен дизајн, префинетост, комфор и технологии кои го прават секое патување посебно. Кај двата модели, BMW успева модерниот дигитален свет да го спои со чувството на луксуз и внимание кон секој детал.

BMW X5 – познатата приказна, напишана одново

Ова е петтата генерација на моделот со кој BMW го постави темелот на X семејството уште во 1999 година. Од првиот BMW X5 до денес, моделот постојано се развиваше, а сега доаѓа со нешто што досега го немавме – пет различни типови погонски системи.

„И токму таа приказна за постојаното поместување на границите продолжува и денес. Од прв поглед е јасно дека X5 не дошол само да продолжи една успешна приказна, туку да го напише следното поглавје. Новиот BMW X5 влегува во својата петта генерација со посамоуверен изглед, повеќе простор и ентериер кој ја комбинира елеганцијата со модерниот карактер на моделот. Со речиси пет метри должина, X5 е уште попростран, а вниманието кон деталите се забележува во секој дел од кабината. Ако постои модел за кој совршено важи „The boss is back!“, тогаш тоа е новиот BMW X5“, изјави Борис Јаневски, сениор консултант за BMW автомобили во М Кар.

Новиот дизајн ги задржува препознатливите X5 пропорции, но носи помонолитен и посамоуверен изглед, со новиот дизајнерски јазик на BMW од Neue Klasse. BMW Iconic Glow маската и новите светлосни икони во форма на двојно X дополнително го нагласуваат карактерот, а изборот на тркала оди од 21 до 23 инчи.

Новиот X5 добива и BMW Winglet рачки на вратите, електрично отворање и Soft-Close функција за меко и тивко затворање.

Во неговиот ентериер технологијата не е тука само за да импресионира, туку да го направи искуството поедноставно и поприродно. BMW Panoramic Vision, 3D Head-Up Display и новиот BMW Panoramic iDrive се дел од новиот начин на комуникација меѓу возачот и автомобилот.

Погонската понуда на новиот BMW X5 уште од старт е разновидна, со mild-hybrid бензинска и mild-hybrid дизел верзија. Од јануари 2027 година, понудата ќе биде проширена со plug-in хибридните X5 50e и X5 M60e, како и со целосно електричната верзија iX5. Така, купувачите ќе имаат можност да изберат меѓу различни погонски решенија, во зависност од своите потреби и начинот на користење на автомобилот.

BMW Серија 7 Седан – кога луксузот станува искуство

Ако X5 ја носи приказната за динамиката и слободата, BMW Серија 7 Седан е приказна за луксузот. Седмата генерација на моделот пристигнува со уште пософистициран изглед, богати можности за персонализација и ентериер создаден подеднакво за возење и за уживање во патувањето.

На задните седишта, BMW Theatre Screen од импресивни 31,3 инчи со 8K резолуција го претвора патувањето во приватно кино искуство, додека новиот BMW Panoramic Vision и Panoramic iDrive внесуваат ново ниво на дигитална интуитивност во кабината.

И тука деталите ја прават разликата. Повеќе од 500 бои и комбинации за екстериерот овозможуваат секој BMW Серија 7 Седан да има свој карактер, додека најдобрите материјали и внимателно дизајнираните елементи создаваат амбиент во кој луксузот не е само видлив, туку се чувствува.

И понудата на погонски опции е поставена во чекор со различните очекувања на клиентите. BMW Серија 7 Седан стартува со една mild-hybrid бензинска и три целосно електрични изведби, додека од ноември понудата ќе биде дополнета со mild-hybrid дизел и plug-in хибридни верзии.

„Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан покажуваат дека автомобилот може да биде многу повеќе од средство за движење – може да биде личен избор што ги одразува карактерот, потребите и индивидуалноста на својот сопственик. За нас во М Кар, суштината не е само во разновидноста на понудата, туку во уникатноста на секој автомобил и начинот на кој тој се поврзува со човекот за кого е создаден. BMW X5 и BMW Серија 7 Седан имаат различен карактер, но заедничка идеја – секој автомобил да понуди искуство што е лично, препознатливо и единствено за својот сопственик“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во М Кар.

Два автомобили, две различни приказни. BMW X5 е динамичен, простран и подготвен за секој предизвик, додека BMW Серија 7 Седан носи поинаков вид на самодоверба – тивка, елегантна и раскошна. Но и двата се дел од истата визија на BMW: да создаде автомобили кои не се само начин да стигнете до некаде, туку искуство само по себе.

И токму затоа нивното претставување носи посебна тежина – две нови приказни на BMW, во кои луксузот, технологијата и препознатливиот карактер се среќаваат на едно место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер