ЗдравјеМЗ: Клиниката за инфективни болести доби „УВ Гард“ за дезинфекција од вируси и бактерииКлиниката за инфективни болести доби „УВ Гард“ за дезинфекција од вируси и бактерии, донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, денеска доби „УВ Гард“ - уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во оваа установа каде се сместени и се лекуваат пациентите кои се заразени и позитивни на коронавирус. Функционалноста на овој апарат е следна: - Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу; - Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри; - Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција; - Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува; - УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини; - За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон. „Сакаме да им помогнеме на нашите здравствени работници. УВ Гардот е уред кој дезинфицира вируси и бактерии. Апаратот е мобилен, со функционалност да се движи на тркалца од една просторија во друга. Работи на струја и батерии, што претставува одлична можност за дезинфицирање на места каде што нема електрична инсталација. Се надеваме дека ќе помогнеме на Клиниката, затоа што лицата од првите борбени линии ја заслужуваат нашата најголема поддршка во справувањето со КОВИД-19“, вели Ивица Поцков, македонски иноватор кој заедно со Никола Глигоров го имаат создадено овој уред. До крајот на неделата, уште еден ваков УВ уред ќе биде дониран на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежаАктивностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси. Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти. Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации. Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа. Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаОд понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР ОхридМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си. Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот. Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок. Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами. „Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter