Реновирана е дневната болница, дежурната соба на лекари, работната соба на медицински сестри, собата за изолација на пациенти и апартманот за пациенти. Голем дел од просториите се климатизирани.
Во изминатиот период, Клиниката за дерматологија кадровски го зајакна својот тим со 7 вработувања.
Набавена е медицинска опрема, како дермоскоп, апарат за пресотерапија и лимфна дренажа, колор доплер апарат, апарат и алергени за ин витро дијагностика во алергологија.
Дополнително, Клиниката за Дерматологија, во соработка со Биодерма-Македонија, ја отвори првата Школа за атопија во нашата држава, со цел едукација на пациентите со атопија, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.