Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“
1Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ЗдравјеМЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во Македонија Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантски возила за болниците во државата, планот треба да помине на Влада, изјави денеска во Куманово министерот за здравство Арбен Таравари, кој очекува наскоро да почне процедурата.Модерните возила, како што соопшти, ќе се распределат низ болниците во државата, поголемите и онаму каде што има најголем недостаток. - Инаку од 2014-та година, за жал, не се набавени возила мислам од Министерството за здравство. Има возила коишто ги набавиле на пример, самите болници или пак донации од општествено-одговорни компании, како што денеска е случајот со „Балкан Груп“, изјави Таравари. Нагласи дека има недостаток на доктори, средномедицински и технички персонал насекаде во државата, но, како што рече, 1.800 вработувања во здравствениот сектор е „инфузија“. - Сите болници имаме недостаток на кадар, каде и да одите во Македонија од Гевгелија до Гостивар, од Охрид до Куманово, од Велес до Штип, секаде до Кичево, секаде има недостаток на кадар. Знаете дека сме започнале, веќе 250 специјализанти се вработуваат, за средномедицинскиот кадар, тече постапката да се трансформираат работните места од договор во решенија. 1.800 вработувања за една година, никогаш не се случило во Македонија во здравствениот систем, рече Таравари. Тагови: Арбен Таравари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на телевизиските мрежи Си-Eн-Eн и Ем-Ес Нау и на порталот Политико.Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им го забранува на овие медиуми пристапот до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести. -Медиумите не смеат постојано да пишуваат лаги кога известуваат за претседателот на САД, за администрацијата на Трамп или за Соединетите американски држави. Ова ќе следи и за други медиуми што шират лажни вести, напиша Трамп, чија одлука отвора нов спор меѓу неговата администрацијата и медиумите, покренувајќи прашања во врска со заштитата на слободата на печатот, загарантирана со првиот амандман на уставот на САД. Откако се врати во Белата куќа, Трамп презеде и правни дејствија против други медиумски организации, вклучувајќи ги „Њујорк Тајмс“, „Вол Стрит“ и „Би-Би-Си“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјатаНова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката. До вчера дата-центрите беа иднина без последици. Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон. Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија. Се разбира. Физиката не е кампања. Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја. Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима. Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не. Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија. Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен. Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата. А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија. Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија. Дата-центарот е нова станица на истата мрежа. Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера. Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција. Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата. Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век. СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон. Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата. СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПредупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовностПолска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина. Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност. Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29