МЗ: Институтот за физикална медицина подготви оддел наменет за ковид рехабилитација - Канал 5

МЗ: Институтот за физикална медицина подготви оддел наменет за ковид рехабилитација

Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на министерството подготви еден оддел кој  е наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација.

МЗ: Институтот за физикална медицина подготви оддел наменет за ковид рехабилитација

Министерството за здравство информира дека, поради долгорочните последици кои ги остава инфекцијата со коронавирусот и заради се поголемата потреба за рехабилитација на пациентите кои прележале Ковид-19, Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на министерството подготви еден оддел кој е наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација.

Досега, Институтот имаше само индивидуални барања од страна на пациенти кои се третираа амбулантски, но од неодамна оваа јавно здравствена установа во соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје и ГОБ „8ми септември" започна со организиран болнички пристап за рехабилитација на пациенти кои прележале ковид-19 и согласно тоа, заедно со специјалисти инфектолози од Клиниката и болницата, Институтот веќе спроведува конзилијарни прегледи од страна на специјалисти физијатри.

„Овие пациенти кои со денови, некои и недели биле хоспитализирани заради Ковид-19, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето, кои побрзо и полесно се надминуваат со стручна помош, во смисла на респираторни вежби и физикални вежби за нивно враќање кон нормалните животни активности. Она што досега го гледаме како резултат од рехабилитацијата е исклучителен напредок кај овие пациенти. Некои доаѓаат во колички, неподвижни, изнемоштени, а по само две недели веќе одат самостојно, без помагала. Со ова, практично, одиме чекор понатаму во грижата за пациентите со Ковид-19. Се грижиме не само за превенција, со вакцините кои се во најава и лекување, туку и рехабилитација која е навистина важен сегмент од секој напреден здравствен систем. " – потенцира министерот Филипче.

Процесот на рехабилитација се спроведува согласно најновите протоколи за рехабилитација на пост-ковид пациенти од страна на тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти со долгогодишно работно искуство, кои за секој пациент пристапуваат индивидуално, согласно функционалната состојба на пациентот.

„Рехабилитацијата на овие пациенти трае различно, во зависност од тежината на клиничката слика и последиците кои болеста ги оставила кај пациентот, но во просек од 2 до 4 недели. Најголемиот дел од пациентите покажуваат значително подобрување на респираторната функција, олеснување на анксиозноста и депресијата, намалување на компликациите, намалување на попреченоста, побрза вертикализација и оспособување за побрзо и поефективно враќање кон секојдневните животни функции." – истакнува д-р. Маја Манолева, директорка на Институтот за физикална медицина и рехабилитација и додава дека пациентите кои досега престојувале во Институтот покажуваат огромен напредок и подобрување.

Пациентите кои биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од инфективните одделенија, но се уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста можат да се јават на преглед во Институтот преку Мој термин, но и преку амбулантите во установата, со цел да бидат упатени за понатамошна амбулантска или болничка рехабилитација.

Дополнително, Институтот веќе е во комуникација и со дел од општите болници низ државата за пренесување на искуствата и едукација на кадарот од тие болници со цел нивно понатамошно вклучување за рехабилитација на овие пациенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин рече „не“

Кремљ останува посветен на своите воени цели, додека Киев ги смета условите за неприфатливи, пренесува „Киев пост“. 

Путин рече „не“

Русија ја отфрли секоја можност за замрзнување на војната против Украина доколку не се исполнат барањата на Москва, изјави висок руски дипломат.

Кремљ останува посветен на своите воени цели, додека Киев ги смета условите за неприфатливи, пренесува „Киев пост“.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин, изјави дека Русија нема да се согласи на замрзнување на војната доколку не се решат оние што тој ги нарече „основни причини“ за конфликтот.

„Како што постојано изјавуваше рускиот претседател Владимир Путин, никакво замрзнување не е можно без отстранување на основните причини за оваа криза“, изјави Галузин за државната новинска агенција ТАСС.

Неговите коментари укажуваат на тоа дека Москва и понатаму не е подготвена да поддржи обичен прекин на непријателствата без да ги обезбеди своите пошироки политички и територијални барања.

Галузин понатаму го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „целосно ја изгубил врската со реалноста“ и дека се обидува да го ескалира конфликтот. Неговите коментари доаѓаат во момент кога Москва упатува критики поради украинските напади врз цели во внатрешноста на Русија, вклучително и врз енергетската инфраструктура и објектите поврзани со Конзорциумот на каспискиот нафтовод (CPC).

И покрај тоа што одбива да го замрзне конфликтот, Москва сепак тврди дека е отворена за дипломатија. Галузин изјави дека Русија е подготвена да ги постигне своите цели земајќи ги предвид договорите од Анкориџ и дека дипломатското решение е можно доколку постои доволно политичка волја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од власта

Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница.

СДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од власта

А бројот на одговорни до власта – нула.

Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски.

Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи.

Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“.

Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз основа на која анализа Мицкоски тврдеше дека е технички исправна?

Кој дозволил граѓаните да ја користат?

Кој ставил потпис дека е безбедна?

Каде е официјалниот извештај?

Ниту една анализа со која би се потврдиле тврдењата на Мицкоски не беше објавена пред јавноста.

Очигледно, за оваа власт не бил потребен документ, анализа или потпис. Доволно било „експертот“ Мицкоски да каже дека водата е исправна.

Со здравјето на луѓето не смее да се игра.

Не може 4.700 луѓе да завршат во болница, цел град да биде изложен на ризик, институциите да потфрлат, а никој да не одговара.

Ова е здравствена катастрофа и целосен распад на институциите.

Доста молчи Јавното обвинителство.

Савески, наместо на екскурзија, веднаш да отвори постапка и да утврди кој во власта ќе одговара.

За труењето на граѓаните мора да има одговорност.

Скопје, 10.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во Ирска

Даниел Кинахан, осомничен дека раководи со криминална организација и еден од најбараните луѓе во светот, се појави пред суд во Даблин откако беше екстрадиран од Дубаи. 

Еден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во Ирска

Тој е обвинет за раководење со криминална организација во периодот од 18 октомври 2015 година до 6 април 2017 година, пренесува Би-би-си.

Авион на ирската влада со 49-годишниот Кинахан слета во Даблин нешто по 18 часот по локално време, а тој беше уапсен и обвинет веднаш по пристигнувањето.

По 13-минутно рочиште пред Специјалниот кривичен суд – кој заседава без порота – му беше одреден притвор до 5 октомври.

Кинахан е уапсен во Обединетите Арапски Емирати уште во април и во изминатите месеци неуспешно ја оспоруваше одлуката за екстрадиција.

Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство (NCA) претходно соопшти дека кланот Кинахан е одговорен за меѓународен шверц на тони дрога и огнено оружје, а групата се поврзува и со повеќе од десет убиства.

Покрај ирските власти, за Кинахан се заинтересирани и Соединетите Држави; Министерството за финансии на САД го опиша картелот „Кинахан“ како еден од најопасните во светот. Владата на САД воведе санкции против Кинахан во април 2022 година, означувајќи го него и членовите на неговото семејство како водачи на група за организиран криминал. Кинахан се спротивставуваше на екстрадицијата во својата матична земја, каде што неговиот клан беше вклучен во долготраен судир што однесе 18 животи.

Пред рочиштето во неделата беа воведени засилени безбедносни мерки, а Ирската затворска служба набави оклопно возило отпорно на куршуми и експлозии за транспорт на високоризични затвореници.

Комесарот на ирската полиција („Гарда“), Џастин Кели, изјави дека ова апсење ја покажува решеноста на полицијата да се бори против транснационалниот организиран криминал. Тој ја истакна соработката со меѓународните партнери, вклучително и со полицијата во Дубаи. Додаде дека ова ја потврдува важноста на соработката со властите на Обединетите Арапски Емирати, правната соработка со ирското Министерство за правда, како и директната соработка меѓу полициските служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер