ЗдравјеМЗ: Донирана опрема, добра и финансиски средства за справување со Ковид-19Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ.Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции и тоа: апарати за механичка вентилација, рентген апарати, бронхоскоп, респиратори, инфузиомати, ЕКГ апарати, дефибрилатори, аспиратори за сукција, пациент монитори за инвазивно мерење притисок, батерии за рентген апарати, апарати за лабораторија, кислородни маски, пулсоксиметри, китови за тест корона, апарати за прочистување на воздух, значителна количина заштитни наочари, визири, скафандери, маски, потребни лекови и медикаменти, потрошен материјал, како и немедицинска опрема и други потреби пред се на Инфективната клиника – возила, машини за перење, сушење, бојлери за топла вода, кревети, фолија за маневарска болница, пешкири, постелнини, козметички производи, вода, софтверска апликација. Дел од материјалите и апаратите се веќе пристигнати, а дел се нарачани од донаторите и во текот на наредната недела се очекува пристигнат во Инфективната клиника и на другите локации според потребата. Покрај донациите во опрема и добра, на наменската сметка на Министерството за здравство за донации до сега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Благодарност упатуваме за поддршката во вид на донации од страна на Германската, Кинеската, Швајцарската и Американската Амбасада, за донациите од Турција и Чешка пристигнати преку СЕП, потоа ИГМ Трејд, Алкалоид АД Скопје, ЕВН Македонија, Државна видеолотарија на Македонија, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутнска банка, АТС Груп, Тотал ТВ, Аутомотив Груп, Аутомобиле СК, Филип Морис, Макпетрол АД Скопје, Атлантик Груп, Цементарница Усје, ОКТА, Гранд експорт ДООЕЛ, Битолска млекара, Адинг, СиТ Македонија, Горска вода, Некстсенс, Еуропоинт, Моцарт обложувалници, Агенција за аудио-визуелни медиумски услуги, КИБС, Агенција за разузнавање, Новонордиск, Шпаркасе и Охридска банка, Кронберг и Шуберт, Сава Осигурување, ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани, Ваурон, Леов, Рамстор, Лукоил, Реплек, Тотал инженеринг, Антхура Кочани, Илинден АД Струга, Генерал електрик, БиМек, Санофи, Авицена, Лек Скопје ДООЕЛ, Рош Македонија, Еурофарм, Теди компани, Фитофарм, Мак медика, Витаминка Прилеп, Макпрогрес, Скопстер, Макаус, Лајфвоч, Тинекс, Линеа, Ротари клуб, Алансер, Град Скопје, општина Студеничани, Дени Интернационал, Хриливел Скопје, Фас Вас Васко, Здружение на возачи Охрид, ЦВО Брокер Охрид, Адвокат Иван Симоновски, ИмагеПР, Кара констракшн, Порд машинопроект, Аптив, Етерна, Зобек Мининг, 360 степени, Златекс, Медарско здружение Матица, Гицко, индивидуалните донатори, но и сите оние поединци и компании кои донираат директно во другите здравствени установи и за различните групи на население. Листата на донатори која е објавена овде ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството за здравство и имаат потпишано договор за донација, односно имаат веќе донирано добра или средства. Голем број на компании пројавија интерес за донација и истите ќе бидат објавени по реализацијата на донацијата, односно по потпишувањето на договор за донација. За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство. Конкретни инструкции за постапката за донација може да се добијат со контактирање на одговорното лице на е-маил адресата: [email protected].Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕидНа денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија. Тајна одлука за затворање на границата Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период. Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија. Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе. За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата. Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри. Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин. Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин. За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“ Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова. Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин. Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година. Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин. Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури. Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено. На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови. „Од кога?“ го праша новинарот. Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook