ЗдравјеМЗ: Целосно е поставен новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологијаВо новиот објект се наоѓаат четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, Министерството за здравство информира дека во рекордно време, за помалку од две недели, заврши поставувањето на новиот монтажен објект - амбулантско поликинички оддел на ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија, лоциран на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ. Во новиот објект се наоѓаат четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите. Во наредните денови се очекува да заврши и опремувањето на внатрешноста со инвентар, немедицинска и медицинска опрема која е донација од Здружението на граѓани Обединета Македонска Дијаспора, а кон средината на август објектот ќе биде целосно готов за прием на пациенти. Поставувањето на новата монтажна амбуланта е со цел оние пациенти кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно да се одделат од сите други пациенти, и во амбуланскиот дел да се направи тријажа на пациентите. Ова е важно за наредниот период, за есенските месеци, во кои што бројот на пациенти со белодробни заболувања вообичаено значајно се зголемува. Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаНов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозениМасивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море.Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база. Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое русија не коментираше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаПоднесено обвинение против Артан Груби Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра. Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото. Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСо гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притворПоранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од домашен притвор, со гаранција од 500 илјади евра и мерки на претпазливост како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд Ѓорѓиоски депонирал банкарскаДополнително и Обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата и укинување на притворот. По ова Ѓорѓиоски ќе го очекува продолжувањето на судската постапка со определените мерки на претпазливост. Притворот е укинат и за уште две лица – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост. Во истиот предмет е опфатен и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција во висина од 1.000.000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00