МЗ:78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани - Канал 5

МЗ:78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 23 септември. 

МЗ:78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 23.09.2021 на територија на државата 32.818 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 22% биле целосно вакцинирани, односно 7248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78% граѓани, од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80%, додека само 20% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1033 лица со Ковид 19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Одделени за односи со јавност

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..

- Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот.

Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија, Абдула Ал Себуси, на која беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, со акцент на ависообраќајот, инфраструктурата и туризмот.

Посебен фокус на средбата беше ставен на можностите за соработка во авиосообраќајот и воспоставување на нова авиолинија помеѓу двете земји.

Исто така се отворија и прашањата за инвестиции во транспортната инфраструктура, вклучително и во реализацијата на крупни инфраструктурни проекти кои имаат регионално значење.

Се разговараше и за унапредување на туризмот меѓу двете земји како и за потенцијалот за инвестиции во туристичката инфраструктура и развој на нови туристички понуди.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше инвестициските можности и услови што ги нуди Македонија за странските инвеститори, посочувајќи ги поволната географска положба на земјата, нејзината поврзаност со регионалните транспортни коридори, како и можностите за реализација на проекти од стратешко и инфраструктурно значење.

На средбата беше истакнат и потенцијалот за воспоставување на соработка со компании и инвеститори од Обединетите Арапски Емирати во повеќе стратешки области од значење за Македонија.

На средбата беше заклучено дека постои огромен простор за соработка, а целта е во наредниот период да се создаваат услови за реализација на конкретни инвестиции и проекти од заемен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија

Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија-порача првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија

-4 месеци работиме на правна проблематика и најдовме начин како Општина Кавадарци да формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија. Овој одел ќе биде формиран за 15 дена, истакна првиот човек на Кавадарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Американската администрација го покани рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Рубио ја соопшти информацијата по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓето со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, изјави Рубио.

Според него, самитот би можел да биде можност Путин да разговара не само со американскиот претседател Доналд Трамп, туку и со други светски лидери. Вашингтон се надева дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата, но засега нема потврда дека Путин ќе отпатува во Мајами..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер