МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
3Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“
ЗдравјеМЗ: 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинираниМинистерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 30 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1162 лица со Ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. Одделени за односи со јавност Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Том Круз официјално го промени своето презимеСури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите. Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваХрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose). Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми. Ема ќе се натпреварува во седум категории. Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“. Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08