МЗ: 31% од населението над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина - Канал 5

МЗ: 31% од населението над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. 

МЗ: 31% од населението над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина

Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје - 159.514, има во Битола - 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани. Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза, а помеѓу 15.000-20.000 граѓани се вакцинирани досега во градовите Велес, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Штип, додека пак во Кочани и Струга вакцинирани се нешто повеќе од 10.000 граѓани. Во Демир Хисар, Кичево, Ресен, Неготино, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, К.Паланка, Кратово, Дебар, Крушево, М.Брод, Валандово, Пробиштип и Радовиш вакцинирани се под 10.000 граѓани во секој од градовите.

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба. Процесот на вакцинација со домашна посета се одвива непречено и навремено според заинтересираноста на граѓаните за оваа услуга. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат. Апелираме на што поголема заинтересираност и во периодот што следува. Вакцинацијата е единствен начин да го победиме вирусот и да спречиме понатамошно ширење на истиот во есенските денови, односно во деновите во кои во светски рамки е прогнозиран иден нов бран на делта сојот.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ 

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.

Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.

Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен.

Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.

„Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“.

Кој е тој „талог“ според Мицкоски?

Сите што не мислат како него.

Сите што ја разобличуваат неговата политика.

Сите што бараат Европа, правда и одговорност.

Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.

На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.

На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа.

Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор.

Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче

СДС се ставија на страната на талогот  предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот  предводена од Заев и Филипче

Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер