МЗ: 201 нов случај на Ковид, 249 оздравени починале две лица

Направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 151, Битола и Кавадарци – по 14, Тетово – 11, Прилеп – 9, Куманово – 7, Кочани и Охрид – по 5, Кичево , Велес, Гостивар и Неготино – по 4, Штип – 3, Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2, Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно починатo лице од Куманово (75г) и Тетово (83г), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид(1), Гостивар (1) и Виница(1), на возраст од 43 години до 76 години.Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна.Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (5) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.986 тестови преку: ИЈЗ-197, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-74, Биотек-63, Систина-55, лабораторија Лаор-47, Синлаб-10, Ремедика-12, Плодност-13, Генеа-12, Никоб Лаб-182, ВФВ Медикал-28, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 921.

Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 143617, Активни 919

Куманово 16558, Активни 41

Битола 14826, Активни 178

Прилеп 13999, Активни 97

Тетово 13419, Активни 33

Кавадарци 10508, Активни 87

Велес 9683, Активни 31

Гостивар 9531, Активни 12

Охрид 8735, Активни 70

Струмица 7998, Активни 16

Штип 7972, Активни 15

Кичево 5566, Активни 42

Кочани 5054, Активни 20

Струга 4695, Активни 14

Гевгелија 4368, Активни 16

Неготино 3658, Активни 9

Ресен 2678, Активни 16

Свети Николе 2615, Активни 2

Радовиш 2516, Активни 12

Крива Паланка 2407, Активни 4

Делчево 1949, Активни 31

Дебар 1671, Активни 12

Берово 1637, Активни 3

Валандово 1476, Активни 3

Виница 1379, Активни 7

Пробиштип 1263, Активни 3

Богданци 1018, Активни 5

Кратово 961, Активни 3

Крушево 922, Активни 9

Демир Хисар 826, Активни 1

Македонски Брод 736, Активни 1

Демир Капија 586, Активни 1

Македонска Каменица 523, Активни 1

Пехчево 485, Активни 0

Дојран 343, Активни 1

Министерство за здравство

Бајден: На студентските протести поради војната во Газа мора да владее ред

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека правото на протест е загарантирано демократско право, но истакна дека поредокот мора да надвладее по судирите меѓу полицијата и студентите кои протестираа во универзитетските кампуси низ САД поради војната во Појасот Газа.

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Тој додаде дека студентските протести не го натерале да го преиспита својот пристап кон војната во Појасот Газа.

Пред повеќе од една недела американскиот претседател ги осуди „антисемитските протести“ на американските универзитети и, како што наведе, „оние кои не сфаќаат што се случува со Палестинците“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера рече дека Бајден „будно ја следи ситуацијата“ и оти некои универзитетски демонстрации ја преминале границата што ја дели слободата на говорот од незаконското однесување, наведувајќи го примерот на Универзитетот Колумбија каде, според неа, студентите насилно ја зазеле зградата. /МИА

Поголемиот дел од Кенија е без струја, земјата е зафатена од поројни врнежи

Прекин на струја вечерва погоди голем дел од Кенија, соопшти дистрибутерот на електрична енергија Кенија Пауер (Kenya Power), обвинувајќи го за тоа „прекинот во системот“.

„Жалиме за сите предизвикани непријатности и бараме од нашите клиенти трпение додека работиме да го вратиме нормалното напојување што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Kenya Power.

Прекинот во снабдувањето со струја доаѓа додека Кенија се бори со поројните дождови кои предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку 188 луѓе и 165.000 се раселени.

Покрај главниот град Најроби, каде живеат околу пет милиони луѓе, прекин на електрична енергија има и во други градови, вклучително и Момбаса. /МИА

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, нанесени му се неколку убодни рани

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, со возило одведен кај Транспортен центар каде му се нанесени неколку убодни рани.

К.Б.(34) од Скопје вчера во 7:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека ноќта меѓу 24 и 25 април годинава околу 1:30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.

Како што информира МВР, според пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер