Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години
Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи
1Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години
2Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
1Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЗдравјеМЗ: 17 новозаболени, еден починат, 7 оздравениВо последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19: Тетови – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје - 1. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови. Направени се 2.896 тестови преку: ИЈЗ-117, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–19, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-161, Биотек-171, Систина-76, лабораторија Лаор-267, Синлаб-33, Ремедика-7, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-423, ВФВ Медикал-0, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.376. Досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно) Скопје 68782, Активни 94 Куманово 8895, Активни 14 Прилеп 8329, Активни 2 Тетово 7353, Активни 80 Битола 6310, Активни 2 Велес 5474, Активни 0 Гостивар 5200, Активни 17 Кавадарци 5156, Активни 1 Охрид 5023, Активни 4 Штип 4963, Активни 3 Струмица 4126, Активни 3 Струга 2985, Активни 4 Кочани 2794, Активни 2 Кичево 2604, Активни 7 Гевгелија 2196, Активни 1 Неготино 2184, Активни 0 Свети Николе 1525, Активни 1 Ресен 1234, Активни 0 Крива Паланка 1227, Активни 0 Радовиш 1161, Активни 0 Берово 1032, Активни 1 Делчево 973, Активни 0 Дебар 947, Активни 5 Виница 886, Активни 0 Пробиштип 789, Активни 0 Валандово 667, Активни 0 Богданци 494, Активни 0 Крушево 490, Активни 0 Демир Хисар 400, Активни 0 Демир Капија 396, Активни 0 Кратово 377, Активни 0 Македонски Брод 359, Активни 0 Пехчево 269, Активни 0 Македонска Каменица 249, Активни 0 Дојран 132, Активни 0 Со почит, Одделение за односи со јавност Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Шоу бизДај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље ЈагодеШто сè е подготвен да направи еден скопски „парти манијак“ за да освои девојка која повеќе верува во југословенскиот рокенрол отколку во современите љубовни тактики? Во случајот на Јанг Дади - речиси сè. Вклучително и промена на имиџот, перика, кожна јакна, прстени и обид да се совлада една стара Лада. Во оваа музичка приказна му се придружува и Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“. Резултатот е „EX YU“, неговата нова песна, направена заедно со Андреј Ник и придружена со видео приказна во која носталгијата, хуморот и рокенролот возат во ист автомобил. Буквално. Во центарот на приказната е Кики, ликот што го толкува Катарина Ивановска - паметна, самоуверена девојка со посебна фасцинација за Југославија и културата на едно време кое, очигледно, сè уште има што да понуди. Наспроти неа е Дади, човек на современиот скопски ноќен живот, кој брзо сфаќа дека неговиот вообичаен шарм нема да биде доволен. За да ја освои Кики, ќе мора да го напушти сопствениот стил и да се претвори во класичен југословенски рокер, со сериозни амбиции да наликува на легендарниот Зеле Липовача. Во песната гостува токму Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“, кој го отсвири гитарското соло, а се појавува и во видео спотот. Во меѓувреме, Дади се соочува со предизвиците на новиот рокерски идентитет - од совладување на старата Лада што не знае ни како да ја отвори, до нејзино туркање низ скопските улици, во кое Кики повторно мора да ја преземе работата во свои раце. Судирот меѓу современиот стил на Дади и југословенскиот ретро-изглед е пренесен и преку изгледот на спотот. Старата Лада, архитектурата и препознатливите скопски предели не се само сценографија, туку важен дел од приказната за едно поинакво Скопје. Со доза хумор и многу рокенрол, „EX YU“ потсетува дека некои музички времиња никогаш навистина не излегуваат од мода, дури и кога автомобилите од нивното време одбиваат да „запалат“. Проектот е издание на Авалон Продукција, а видео спотот е реализиран во продукција на Такат студио. По новата песна, Јанг Дади го очекува и голем концерт на 30 декември во Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Влезниците се достапни преку продажната мрежа на Авалон Продукција и онлајн преку Avalon Booking. Линк за карти за концертот: https://avalonbooking.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=1850&lang=mk Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 годиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави посебна мерка за полесен почеток и поддршка на младите семејства во Скопје. Со оваа мерка, младите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје - односно 60% од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот. - Сопствениот дом е темел врз кој се гради едно семејство. Место каде што почнуваат заедничките планови, каде што растат децата и каде што иднината добива своја адреса. Затоа, младите што сакаат да го изградат својот дом заслужуваат силна и конкретна поддршка од Град Скопје. Успешната практика што ја воспоставивме во Кисела Вода, првпат во историјата на државата, сега ја пренесуваме и во Град Скопје. Она што го ветив во мојата програма го претвораме во реална помош за семејствата – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека доколку сите скопски општини се приклучат со ослободување и од својот дел, оваа поддршка ќе достигне 100% ослободување од комуналии. - Ги повикувам сите мои колеги градоначалници да застанеме заедно зад оваа цел и да им го олесниме патот до сопствен дом на што повеќе семејства. Имаме можност да оставиме нешто вредно зад себе - повеќе семејства со сопствен покрив над главата и со поголема сигурност за утрешниот ден. Помал финансиски товар при изградбата значи повеќе средства за уредување на домот, за потребите на децата и за посигурен почеток на заедничкиот живот. Како што ветив, младите ќе имаат подадена рака од мене и од Град Скопје. Ќе ја имаат поддршката што им е потребна токму кога ги прават најважните животни чекори. Сакам младите тука да го градат својот дом, тука да ги растат своите деца и тука да ја гледаат својата иднина. Наша обврска е да создадеме услови за тоа. За Скопје во кое младите имаат иднина – рече Ѓорѓиевски Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека оваа мерка е директна инвестиција во младите, во сигурноста на семејствата и во иднината на Скопје. Мерката ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во службените гласила, а барањето за аплицирање ќе биде достапно на веб-страницата на Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречиОпштина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, која со присутните разговараше за раното препознавање, соодветното реагирање и превенцијата од врсничко насилство, споделувајќи стручни совети и практични насоки. „Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира и за чие спречување сите имаме одговорност. Важно е родителите, наставниците и стручните служби навреме да препознаат кога детето се соочува со насилство и соодветно да реагираат. Молчењето и игнорирањето можат да остават сериозни и долготрајни последици врз детето и целото семејство“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Паралелно, и во центарските основни училишта се реализираа различни активности посветени на менталното здравје и спречувањето на врсничкото насилство. Учениците следеа едукативни предавања на темата „Врсничко насилство“ во соработка со СВР Скопје, се организираа работилници под мотото „СТОП за булингот“, а дел од учениците посетија и театарски претстави преку кои, на интересен и пристапен начин, им беа пренесени пораки за пријателство, прифаќање и градење здрави врснички односи. Општина Центар останува посветена на создавање безбедна училишна средина. Важно е секое дете да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш има кому да му се обрати за помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter