МЗ: 105 новозаболени,не е регистрирано починато лице

Направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.

Регистрирани сe 49 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес – по 3, Тетово – 2, Куманово, Охрид и Неготино - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 735 тестови: ИЈЗ-80, ЦЈЗ Скопје-129, ЦЈЗ Битола-25, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–51, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-20, Биотек-20, Систина-2, лабораторија Лаор-2, Синлаб-0, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-23, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 312.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      161398, Активни   312

Куманово    18213, Активни    21

Битола      17932, Активни    30

Прилеп      15487, Активни    21

Тетово      14462, Активни    14

Кавадарци   12076, Активни    11

Велес 10796, Активни    14

Охрид 10307, Активни    15

Гостивар    10274, Активни    1

Струмица    8776, Активни     2

Штип  8753, Активни     13

Кичево      6071, Активни     8

Кочани      5544, Активни     0

Струга      5171, Активни     0

Гевгелија   4876, Активни     3

Неготино    4140, Активни     4

Ресен 3029, Активни     7

Радовиш     2835, Активни     3

Свети Николе      2793, Активни     0

Крива Паланка     2662, Активни     3

Делчево     2183, Активни     0

Берово      1874, Активни     2

Дебар 1812, Активни     0

Валандово   1600, Активни     0

Виница      1477, Активни     0

Пробиштип   1299, Активни     0

Кратово     1125, Активни     6

Богданци    1101, Активни     1

Крушево     1037, Активни     0

Демир Хисар 929, Активни      0

Македонски Брод   798, Активни      0

Демир Капија      628, Активни      0

Македонска Каменица     534, Активни      0

Пехчево     518, Активни      0

Дојран      370, Активни      0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

Иранските пораки ги намалија цените на нафтата

Цените на нафтата денеска паднаа на 86 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа смирени од пораките од Иран по „сомнителниот“ инцидент со беспилотни летала, намалувајќи ги стравувањата од ескалација на израелско-иранскиот конфликт.

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 72 центи во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 86,39 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во мај се тргува по пониска цена од 66 центи, по 82,07 долари. Речиси за исто толку падна и цената на барелот за испорака во јуни и се лизна на 81,42 долари.

Пазарите утрово беа катапултирани од извештаите на западните медиуми за експлозија во близина на иранскиот град Исфахан. Американската ТВ компанија ABC објави, цитирајќи неименуван американски функционер, дека израелски проектили погодиле локација во Иран.

Иранската државна телевизија објави дека „на небото над Исфахан биле забележани три дронови. Системот за противвоздушна одбрана бил активиран и ги уништил беспилотните летала“. Иранските медиуми не го спомнаа Израел во извештаите, а еден аналитичар изјави за државната телевизија дека беспилотните летала се управуваат од луѓе кои се инфилтрирале во Иран.

Техеран го минимизираше инцидентот и посочи дека не планира да реагира. Пораката беше најјасно дадена од висок ирански функционер, кој за Ројтерс изјави дека Техеран не планира одговор во овој момент.

Берзите стравуваат од ескалација откако Техеран објави одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа неколку високи ирански воени претставници и конзуларни претставници.

Иран пред десет дена испрати стотици беспилотни летала и проектили во Израел, кои главно беа соборени од системот за противвоздушна одбрана. Никој не беше убиен и беше предизвикана само ограничена штета, но Тел Авив сигнализираше дека планира одговор, и покрај предупредувањето на САД дека нема да ги поддржи нивните офанзивни акции.

„Почетниот скок на цените на нафтата можеби ги нагласи првичните стравувања од понатамошна ескалација, но видовме дека пазарите на капитал и нафта го сменија курсот по тие прелиминарни потези“, рече Џошуа Махони од Scope Markets.

Инвеститорите очекуваа одговор на Израел на нападите со ирански беспилотни летала и постепено намалување на премијата за ризик, па цената на нафтата падна за повеќе од четири отсто од понеделникот, забележува Ројтерс.

Но, тензијата сè уште не е целосно смирена бидејќи Иран е трет по големина производител на нафта во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), според податоците на Ројтерс, така што ескалацијата би загрозила значителен дел од понудата, забележува Бјарне Шилдроп од СЕБ.

Американските пратеници укажаа дека би можеле да воведат санкции за извозот на нафта од Иран, вклучувајќи ги во пакетот помош за Украина во очекување на гласање во Конгресот. Предложени се казнени мерки за бродови, пристаништа и рафинерии кои преработуваат иранска нафта и за трансакции на кинески финансиски институции поврзани со купување на иранска нафта.

Одделно, ОПЕК објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки вчера се намалила за 2,29 долари на 87,35 долари.

Ума Турман ги воодушеви сите на годишнината од култниот филм во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Ума Турман ја воодушеви публиката во Лос Анџелес на 30-годишнината од прикажувањето на „Pulp Fiction“.

53-годишната актерка за оваа пригода избра црна облека. Во споменатиот филм Ума го отелотвори ликот на Миа Валас, а многу фанови напишаа дека оттогаш таа речиси не се променила. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека изгледа многу младешко и дека „никогаш не изгледала толку добро“.

Инаку, Ума доби и номинација за најдобра споредна женска улога за улогата на Миа Валас.

Pulp Fiction е филм на Квентин Тарантино од 1994 година. Беше номиниран за седум Оскари, вклучително и за најдобар филм. Во филмот глуми и Џон Траволта.

притисни ентер