МВР со предупредување: Обид за дигитална измама - не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ - Канал 5

МВР со предупредување: Обид за дигитална измама - не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Обид за дигитална измама - не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за сајбер безбедност.

МВР со предупредување: Обид за дигитална измама - не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на БЈБ – МВР ниту од одделението за сајбер криминал и безбедност. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку маил и доколку внимателно се прочитаат овие пораки може веднаш да се забележат грешки во текстот во однос на тоа дека е направен со лош превод на интернет со тоа и смислата на содржината на пораката насочува дека е сомнителна поточно измама.

Aпелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор Пчински

Воведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија.

Се избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор Пчински

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат колони возила на вториот граничен премин Пелинце – Прохор Пчински, кој има само една лента и е далеку од коридорот 10, во обид да ги избегнат гужвите на Табановце и евентуалните казни што ги чекаат.

Но, според информациите од МВР, наскоро на сите гранични премини ќе се издаваат платните налози. За 6 месеци од стартот на Сејф сити, пола од вкупно направените прекршоци, или околу 180.000 ги сториле странски возачи, а само на 19 и 20 август над 5.500, во најголем дел за пречекорување на дозволената брзина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“

Се пукало во Арачиново утринава, повредени се двајца во „Шкода“.

Утринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“

МВР соопшти дека во 5:45 минути во СВР Скопје било пријавено дека на ул„18“ во селото се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од полициското одделение Арачиново и единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле 34 годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. се преземаат мерки за расчистување на настанот. – сооошти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничка

Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. 

И Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничка

Таа учествуваше на одбележувањето на 123-годишнината од илинденското востание, кое Бугарија го нарекува илинденско-преображенско. Јотова оцени дека историјата е заедничка и не треба да биде повод за поделби.

-Колку многу омраза и поделби денес во Македонија се зборува за Бугарите. А, историјата ни е заедничка, што има да делиме. И денес, провокации, понижување. Тоа е наша работа, на политичарите, но тоа е работа и на сите граѓани да се спротивстават на таа омраза и поделбите. Ние вас нема да ве предадеме, нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права. – изјави Јотова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер