МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред - Канал 5

МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред

На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, апелира МВР за безбедни матурски прослави.

МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред

Во денешното соопштение МВР посочува дека сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи, се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.

- Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители. Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, се вели во апелот од МВР.

YouTube video

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Англискиот прволигаш Евертон синоќа официјално го објави доаѓањето на 22-годишниот француски фудбалер Тиери Бери од шпански Виљареал.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Бери и Евертон договорија четиригодишна соработка, а англиските медиуми објавија дека трансферот е вреден околу 27 милиони фунти.

Бери настапуваш за француската репрезентација до 21 година на неодамнешното Европско првенство во кое Триколорите беа елиминирани во полуфиналето.

„Се чувствува дека Евертон е на прагот на нов почеток и сакам да бидам дел од тоа“, рече францускиот напаѓач, кој ја почна својата кариера во вториот тим на Сошо. Потоа играше за белгиски Беверен и швајцарски Базел, додека изминатата сезона настапуваше за Виљареал и постигна 11 голови на 35 натпревари во шпанската Ла Лига.

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

На единствениот број за итни случаи 112 вчера се регистрирани досега рекордни во еден ден 4.199 повици, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.

За полицијата биле 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана 72 пати, што е 10,1 отсто од вкупниот број на повици, а за противпожарната служба биле 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.

Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Автомото сојузот на Македонија два повика.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“

Министерот за надворешни работи на Бугарија, го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

За бугарските политичари вчерашното гласање за Извештајот на напредокот на Македонија, во Европскиот парламент е како победа. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во Европската Унија и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.

Зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски, тој го нарече „северномакедонски“ премиер.

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“изјави Георг Георгиев во интервју за БТВ .

Овој став на Георгиев доаѓа по извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани зборовите „македонски јазик и идентитет“.

притисни ентер