3Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
МакедонијаМВР следната недела до ОЈО ГОКК ќе го достави извештајот од анализираните податоци од компјутерската опрема Следната недела Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК ќе ги достави извештаите од анализираните податоци од комјутерската опрема во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Обвинителството пред неколку дена соопшти дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во претседателскиот кабинет лани во декември но и дека иако пред два месеци доставило наредби, од МВР досега не добиле никакво известување за резултатите од преземените дејствија. Министерот Панче Тошковски во интервју за 360 Степени вели дека е изненаден од начинот на кој Обвинителството споделило информации за предистрагата со јавноста но и дека според него целта е да се изврши притисок врз Министерството. -Во текот на наредната недела, согласно информациите што ги имам, ќе биде постапено онака како што треба, со анализа на сите потребни документи што ги има Министерството за внатрешни работи и ќе биде доставено известување до јавното обвинителство. И тоа ќе се случеше и без оваа тема да биде отворена во јавноста и без да се отворат одредени шпекулации во јавноста и без да се спроведува оваа стратегија на напад на Министерството за внатрешни работи од орган што добар континуитет наназад има два-три посто рејтинг. Сакајќи да се префрли тежината на непостапување, запирање на постапки,- изјави – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи (Интервју за 360 Степени). Од Обвинителството денеска нема нови детали околу предистрагата за овој случај. Претседателката Сиљановска Давкова пак во ТВ гостување од петокот ја отфрли можноста од нејзиниот кабинет да се извлекувале доверливи податоци. Таа вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и од Генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено. До ОЈО ГООК пристигнала и пријава потпишана од „група вработени во МВР“, со која под сомнение е ИТ администратор од Кабинетот на Сиљановска, кој наводно копирал и складирал доверливи податоци а бил поврзан со странски разузнавачки служби. Дел од медиумите објавија дека осомничениот бил пензионер кој порано бил припадник на специјалната единица волци. Бил преземен од кабинетот за време на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов а истата фукција ја вршел и за време на претседателскиот мандат на Стево Пендаровски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАСемејството на починатиот НБА-кошаркар ќе ја добие неговата последна годишна плата од 12,5 милиони долариНа семејството на покојниот кошаркар на „Мемфис Гризлис“, Брендон Кларк, ќе му биде исплатен преостанатиот дел од неговиот договор вреден 12,5 милиони долари, потврди извор од НБА.Брендон Кларк почина на 11 мај, на 29-годишна возраст. Според извештајот од Лос Анџелес, неговата смрт е прогласена за несреќен случај, а причината била комбинираното дејство на хероин и кокаин. За време на својата седумгодишна НБА-кариера, Кларк играше исклучиво за Мемфис. Тој беше избран како 21-ви пик на драфтот во 2019 година од страна на Оклахома Сити Тандер, по што беше разменет во Гризлис. Уште во својата дебитантска сезона покажа голем потенцијал, а во 2020 година беше меѓу петте најдобри дебитанти во НБА. Кариерата ја заврши со просек од 10,2 поени и 5,5 скока по натпревар, одигрувајќи вкупно 309 натпревари во регуларниот дел од сезоната. По неговата контроверзна смрт во јавноста с епојавија неколку верзии за исплатата на последната година од неговиот договор. Новите информации се во спротивност со претходните извештаи дека семејството на Кларк нема да добие пари од последната година од неговиот договор. Според Кевин О'Конор, договорот на Кларк со „Мемфис Гризлис“ бил целосно осигуран во случај на негова смрт, што значи дека на неговото семејство треба да му се исплатат сите 12,5 милиони долари. Претходно, „Front Office Sports“ објави дека семејството нема да ги добие парите, но изворите на О'Конор од НБА тврдат поинаку. Како што беше објаснето, „Гризлис“ ги надоместуваа трошоците за животното осигурување што го покриваше играчот во случај на смрт. Овој вид договорна заштита е вообичаен во НБА и претставува еден од најсилните облици на финансиска сигурност за играчите. Парите нема да бидат исплатени директно од „Мемфис“ како плата, туку преку осигурувањето. Оваа структура може да понуди и даночни поволности за играчот, поради што животното осигурување често се користи за заштита на големи договори.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПредавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријателСитуацијата пред изборот за нов претседател на ФИФА полека се вжештува. Дали Џани Инфантино и понатаму ќе ја води светската фудбалска асоцијација ФИФА по неговите контроверзни одлуки во последниот период. По низата погрешни потези на Џани Инфантино, се чини дека се зголемуваат шансите тој да биде сменет на гласањето во март. Европските федерации, пак, не го послушаа Инфантино и застанаа на страната на УЕФА. Сепак, една голема федерација – француската – би можела да ги изневери останатите и да застане зад Инфантино. Филип Дијало, претседателот на FFF, досега јавно се воздржуваше од коментар за ова прашање и сè уште официјално не ја повлекол својата поддршка за Инфантино. УЕФА стравува дека Франција ќе го изневери планираниот бојкот и дека Диало е „новиот најдобар пријател“ на Инфантино. Во меѓувреме, француската територија Нова Каледонија, која главно гласа исто како Франција, објави соопштение во кое го поддржува Инфантино. Новинарот Ромен Молина, во видеото насловено „Француско предавство“, истакнува дека Диало одлучува самостојно и дека останатите членови на Извршниот одбор на ФФФ не биле информирани. За да го замени актуелниот претседател на ФИФА, на УЕФА ќе ѝ бидат потребни 106 гласа против Инфантино од вкупно 211 членки. Европа има 55 членки.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денариЗа две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците. Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%. За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%. Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан. Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter