МВР: Расчистено убиството во Прилеп, приведени две лица, поднесена кривична пријава - Канал 5

МВР: Расчистено убиството во Прилеп, приведени две лица, поднесена кривична пријава

Денеска  во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. 

МВР: Расчистено убиството во Прилеп, приведени две лица, поднесена кривична пријава

Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации

а подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби.

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации

Денеска (28.09.2026) во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци беше реализирана показна вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар, во рамки на која полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со екипи од Територијалната противпожарна единица, ОО на Црвен Крст и Итна медицинска помош Кавадарци, ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес реализираа превентивна активност „Вози технички исправно возило“, со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, при што на возачите им беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби, со цел да им се појаснат на граѓаните начините како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Полициски службеници од полициските станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, Свети Николе и Кочани во основни општински училишта на нивно подрачје реализираа едукативни предавања на учениците со цел запознавање со основните правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиони

Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Драма над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиони

Борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји беа кренати во воздух шест пати минатата недела за да идентификуваат и да спроведат руски воени авиони кои ги прекршиле правилата за летање, соопшти денеска Министерството за одбрана на Литванија.

Министерството наведе дека на 21 септември, ловци на НАТО полетале за да пресретнат руски извидувачки авион „Ил-20“, објави Литванското национално радио и телевизија.

Истиот ден, ловците патролирале и во воздушниот простор во близина на летонско-белоруската граница, а на 22 септември биле кренати во воздух за да идентификуваат два авиона „Су-30“.

Еден ден подоцна, ловците пресретнале три авиона „МиГ-31“, еден патнички авион „Ту-134“, еден повеќенаменски ловец „Су-30СМ“ и три авиона „Су-30М2“.

Авионите на НАТО исто така идентификувале еден „Су-35“, два „Су-30М2“ и руски извидувачки авион „Ил-20“. Беше соопштено дека на 26 септември ловците пресретнале бомбардер „Су-24“.

Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји се спроведува од воздухопловни бази во Литванија и Естонија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер