МВР: Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча - Канал 5

МВР: Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча

Денеска (26.05.2026) на место викано „Рамно“, како и на патот за с. Брест и Горна Брана – Глажња, с. Липково, полициски службеници од ПСГН Танушевци и ПСГН Белановце реализираа превентивни активности за спречување на пожари и незаконска сеча на дрва.

МВР: Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча

Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва и предизвикувањето пожари се кривични дела, кои соодветно законски се санкционираат. Доколку пак забележат бесправна сеча или пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Во ООУ „Блаже Конески“ во Велес, во организација на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција при СВР Велес, беше реализирана едукативна активност со учениците, при што тие беа запознаени со професијата полициски службеник, а особено со работата на сообраќајната полиција и сообраќајните правила за малите пешаци. Исто така, децата имаа можност да видат дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во секојдневното полициско постапување.

Исто така и полициски службеници од ОВР Кавадарци, во Паркот на револуцијата во Кавадарци, реализирааа „Отворен ден со полицијата“, на кој присуствуваа околу 190 дечиња од детската градинка „Рада Поцева“ Кавадарци, кои исто така имаа можност да видат дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во секојдневното полициско постапување, а воедно беа запознаени и со работењето на полицискиот службеник.

Едукативно предавање за безбеден сообраќај реализираа и полициски службеници од ПС БПС Кочани во ОУ „Кирил и Методиј“ во Кочани, а полициски службеници од ПС БПС Штип реализираа превентивна активност насочена кон правилното паркирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер