3Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава
3Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
МакедонијаМВР: Претрес кај тројца полициски службенициОд Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека денес е извршен претрес кај тројца полициски службеници.-На 28.05.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравствоКако Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра, порачува премиерот Христијан Мицкоски. -Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме. Како Влада оваа година рекордно издвојуваме веќе повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат и јас навистина честитам на директорката и на вработените во Клиничката болница во Битола. Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока. Јас би сакал да се заблагодарам на сите вработени тука, на директорката, на министерот, на Фондот за здравство и здравствено осигурување, за сето трпение коешто изминатиов период го имаа. Нè очекуваат предизвици уште поголеми во периодот којшто следи, но ние како Влада сме цврсто ориентирани да направиме современо здравство коешто ќе одговори на потребите на граѓаните во било која смисла. Така работевме ќе повторам досега, така планирам и понатаму да работиме. Ви благодарам и на вас што сте денеска тука и што можевте одблиску да посведочите на она коешто изминативе 2 години се работи тука, уште многу ќе има да се сработи во периодот којшто следи така што ве поканувам да нè следите за тоа коешто го работиме, истакна Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за кориснициЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието.Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна заштита. „Денес не отвораме само нова канцеларија – отвораме нов начин на комуникација со нашите корисници. Тука ќе доаѓаат граѓаните кога им е потребна информација, кога склучуваат договори, поднесуваат барања или кога им е потребна поддршка за прашања поврзани со работењето на претпријатието. Со оваа инвестиција воспоставуваме повисок стандард во односот кон корисниците. Современата опрема и новите административни решенија ќе овозможат побрза и поефикасна услуга, поедноставни работни процеси и подобро корисничко искуство. Инвестираме во современи услови затоа што веруваме дека зад секоја добра јавна услуга стои добро организиран систем и професионален однос кон секој корисник“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој истакна дека модерните јавни услуги започнуваат со квалитетен однос кон граѓаните. „Отворањето на новата канцеларија за грижа за корисници е директно вложување во подобра и подостапна услуга за граѓаните. Корисниците отсега на едно место ќе можат побрзо и поедноставно да ги завршат своите обврски и да ја добијат потребната поддршка. Го поздравувам вложувањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар во модернизација на условите и работните процеси, бидејќи токму преку вакви конкретни чекори се гради довербата и се унапредува квалитетот на јавните услуги“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Новата канцеларија е целосно реализирана со сопствени средства на ЈП Паркинзи на Општина Центар и претставува дел од континуираниот процес на модернизација на претпријатието. Со нејзиното отворање се создаваат подобри услови за прием и услужување на корисниците, како и поорганизирани и поефикасни административни процеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроштална средба на претседателот Гаши со амбасадорката на Република Грција, Софија ФилипидуПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.Претседателот Гаши, во името на пратениците и во свое име, и се заблагодари на амбасадорката Филипиду за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу Македонија и Република Грција и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка. Претседателот истакна дека земјата останува искрено посвестена на градењето добрососедски односи, засновано врз меѓусебно почитување, констуктивен дијалог и соработка во области од заеднички интерес. Тој изрази уверување дека контитуираниот политички дијалог и отворената комуникација претставуваат најдобра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи. Тој истакна дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјата е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда. Амбасадорката Филипиду истакна Грција го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и дека како претседавач со Советот на Европската Унија во втората половина на 2027 година ќе се залага да дава поддршка на европската перспектива на земјата како и на сите земји од Западниот Балкан. Претседателот Гаши и посака на амбасадорката Филипиду многу здравје и успех во натамошните професионални предизвици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook