МВР: Предложени законски измени што овозможуваат уште поголема ефикасност на полицијата - Канал 5

МВР: Предложени законски измени што овозможуваат уште поголема ефикасност на полицијата

Доставени се предлог-измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, кои се во собраниска процедура, соопшти денеска МВР.

МВР: Предложени законски измени што овозможуваат уште поголема ефикасност на полицијата

Прашања кои се предмет на предлог-законите се интегритет на работниците во Министерството, деполитизација на МВР, односно на вработените, предвидување на квалитативно нови услови за избор на директор на БЈБ, оперативна независност на полицијата, реформска измена во делот на дисциплинската постапка за вработените во Министерството и воведување децидна обврска за пријавување имот/интереси.

– Во однос на интегритетот на работниците во Министерството, за првпат, со законско решение се предлага уредување на ова прашање за кандидатите за вработување во МВР, како и за сите вработени во Министерството. Како нов услов за засновање на работен однос е предложено кандидатот да има положено Тест за интегритет. За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување тест за професионален интегритет, појаснуваат од МВР.

Тој тест, дополнуваат, ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од Тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка.

– Со предложената измена на законот се забранува работник на Министерството да членува во политичка партија, што досега не беше случај. Постапувањето на работникот спротивно на оваа забрана е предвидено како потежок случај за дисциплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка, се вели во соопштението.

Со цел да се гарантира и во целост да се обезбеди оперативна независност на полицијата, посочуваат од МВР, се предлага законско решение во кое децидно се пропишува дека исклучиво директорот на Бирото за јавна безбедност дава наредби од областа на оперативното работење.

Со предложените измени на Законот за полиција, додаваат, се предлага воспоставување на строги, објективни и професионални критериуми за именување на директор на полицијата кои одговараат на потребите на таквата позиција. Меѓу наведените услови за првпат како услов е предвидено да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

– Се предлага суштинско и квалитетно ревидирање на постојниот систем за дисциплинска одговорност на вработените во Министерството, со предвидување на нов организациски облик, кој ќе гарантира, односно ќе обезбеди висок степен на професионалност, специјализираност, објективност и унифицираност во работата и рационално користење и располагање со човечките ресурси во МВР. На овој начин, со централизиран организациски облик, ќе се овозможи континуирана професионална надградба, преку стручна обука на работниците во новиот организациски облик, насочена кон надградување на знаењата и капацитетите неопходни за анализа и одлучување во случаите на утврдување на дисциплинска одговорност на работниците, се наведува во соопштението.

Согласно предложените измени на Законот за внатрешни работи, посочуваат од МВР, се пропишува децидна обврска за давање Изјава за имотна состојба и интереси. Тоа, појаснуваат, е обврска пропишана за кандидатите при засновање на работен однос, за работниците при промени во имотната состојба, како и при престанокот на работниот однос на секој работник. Предметното прашање е во релација со постојниот закон што ја третира оваа проблематика.

Предложените законски измени следат по детектираните круцијални прашања за кои било оценето дека е потребна нова регулатива, односно измена на постојни законски решенија, со цел надминување на системски недостатоци и проблеми, како и обезбедување на поголема ефикасност во вршењето на законски утврдениот делокруг на надлежности на ова министерство, вклучувајќи ја и полицијата, односно Бирото за јавна безбедност, како орган во состав на Министерството.

Голем дел од предметните прашања се поклопиле, односно се нашле на иста линија и со Препораките содржани во Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот". Некои од новите законски решенија, додаваат од МВР, се реализација на обврските за МВР содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024) на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер