МВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец - Канал 5

МВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

МВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, како и целосно расветлување на случајот со двајца млади на 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници.

Според ДУИ, во интерниот полициски извештај се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник. Тие, пак, тврдат дека оружјето завршило во нивното возило откако полицијата го скршила стаклото. Според нивните наводи, службениците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, а потоа ги врзале и ги легнале на земја, при што биле малтретирани.

Партијата бара итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и утврдување на одговорност доколку се докаже дека полициските службеници ги прекршиле овластувањата.

„Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат“, наведуваат од ДУИ, инсистирајќи на целосна институционална одговорност.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Ова следува по објавите дека на 7 октомври во Скопје две лица биле физички нападнати од полициски службеници и дека им бил оштетен автомобилот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за евентуалната одговорност на инволвираните службеници. По завршувањето на проверките ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а јавноста ќе биде известена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно провоцира во танга

Легендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.

Фото: Хајди Клум повторно провоцира во танга

Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите..

На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини.

Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите.

Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе.

Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм низ училиштата низ Србија- сите ученици се евакуирани

Во училиштата ширум Србија денеска стигнаа извештаи за поставени бомби. 

Аларм низ училиштата низ Србија- сите ученици се евакуирани

Била алармирана полиција, а учениците биле евакуирани.

Утринава се евакуирани ученици од пет основни училишта и едно средно училиште во Лесковац поради дојава за бомба.

Пријавите, како што беше речено, стигнале на училишната електронска пошта, како и досега, за Југмедија потврдуваат во ПУ Лесковац.

Станува збор, меѓу другото, за Музичкото училиште во Лесковац, ОУ „Свеозар Марковиќ“ во Вучје.

Исто така, од утринава дојава за бомби има во повеќе основни и средни училишта на територијата на Јужнобачкиот регион.

Преку е-маил адреси на училишни институции пристигнале пријави дека во училишните простории биле поставени експлозивни направи.

Да потсетиме, утринава поради дојава за бомба беше евакуирано и основното училиште „Вук Караџиќ“ во Нови Сад, а работата беше прекината во многу училишта во Белград. Причината е иста - дојава за бомба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцина

На капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, му е изречена условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради набавка на лажен ковид-сертификат. 

Гранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцина

Одлуката е донесена од Јавното обвинителство во Луцерн, а Џака јавно потврди дека ја прифаќа казната и ја презема одговорноста за своите постапки.

Казната е одредена во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години.

Тоа значи дека фудбалерот нема да мора да ја плати сумата од 150.000 франци, под услов да не стори друго кривично дело во наредните 24 месеци. Тој веќе ги подмирил судските трошоци.

По завршувањето на постапката, швајцарскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи за да ги потврди деталите од одлуката на обвинителот.

„Пред неколку недели лично се огласив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука“, изјави Џака.

Потоа ја објасни казната што му беше изречена. „Со казнен налог, бев осуден за прибавување лажна потврда и добив условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со двегодишен пробен период. Тоа значи дека казната нема да се изврши освен ако не сторам ново кривично дело во тој период. Веќе ги платив процедуралните трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста“, рече фудбалерот.

Тој исто така им се заблагодари на сите што го поддржуваа во изминатите неколку недели. „Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во последните неколку недели. Тие многу ми значат“, додаде тој.

Скандалот излезе на виделина во средината на септември, кога швајцарскиот весник „Блик“ (Blick) објави дека е покрената истрага против Џака. Неколку дена подоцна, фудбалерот призна дека во 2022 година прибавил лажна ковид-потврда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер