МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска - Канал 5

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

МВР во сите случаи постапува согласно своите надлежности.

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска.

Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита.

МВР останува посветено на својата основна мисија да обезбеди сигурност и заштита за сите граѓани на Македонија, без оглед на нивниот општествен или институционален статус. Министерството постапува согласно своите законски надлежности, темелно и професионално, во секој поединечен случај.

Во однос на последните настани поврзани со г-ѓа Арсовска, МВР посочува дека и покрај тоа што таа во повеќе наврати јавно комуницира за закани преку социјалните мрежи, институцијата постапува по сите добиени информации било по службена должност, било по официјална пријава согласно законот и воспоставените процедури.

Во таа насока, ја информираме јавноста хронолошки за следните конкретни случаи:

На 01.06.2025 година, г-ѓа Арсовска била изложена на закана од возило во движење. Иако нејзината првична реакција не вклучувала информирање на МВР, полицијата веднаш постапи по сопствени оперативни сознанија, обезбедувајќи материјални докази. Веќе е поднесена кривична пријава по член 144 став 4 од Кривичниот законик против едно лице.

На 02.07.2025 година, градоначалничката преку социјалните мрежи пријави закана од лице за кое беше посочено дека е полициски службеник. На 03.07.2025 година, инспектори од Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди извршија службена посета на Град Скопје, утврдија фактичка состојба и земаа изјава од градоначалничката, при што беше сочинет соодветен записник. Против пријавениот полициски службеник е поведена дисциплинска постапка.

На 05.07.2025 година, во јавноста беа објавени информации за закани упатени кон советничката Ирена Витина. Веќе на 08.07.2025 година, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди воспостави контакт со советничката и иако таа одби да дојде во полициска станица, службени лица повторно извршија теренска посета. И овој случај се работи согласно пропишаните процедури.

На 11.07.2025 година, по инцидентот во Општина Чаир, г-ѓа Арсовска по укажаната лекарска помош се упати во полициска станица, а исто така веднаш беа приведени и лицата кои беа посочени дека ја нападнале. Сепак, градоначалничката одби да потпише записник за примање на пријава и ги напушти просториите на полициската станица. Во јавноста повторно се обрати исклучиво преку социјалните мрежи, без да ги информира надлежните институции на соодветен начин.

Во меѓувреме МВР во текот на денешниот ден поднесе кривична пријава против две лица С..Љ и С.Љ по член 386 став 3 од КЗ, за вчерашниот инцидент за нападот на градоначалничката Арсовска.

Имајќи го предвид сето горенаведено, Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла сите обвинувања дека не постапува во случаите поврзани со г-ѓа Арсовска. Напротив, МВР професионално делува во секој поединечен случај, со целосна институционална транспарентност и во рамки на законски пропишаните овластувања.

Со оглед на безбедносната проценка направена од АНБ, градоначалничката Арсовска, како носител на јавна функција, ќе биде под 24-часовна полициска заштита, со цел да ѝ се обезбеди лична сигурност и непречено извршување на нејзините обврски.

Министерството уште еднаш апелира сите јавни функционери да соработуваат со институциите на системот и да не ја користат јавноста или медиумите како единствен канал за известување за потенцијални закани, туку најпрво да се обратат до надлежните органи, со цел навремено и ефикасно постапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски со апел до карпошани : Да делуваме локално

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски со апел да излезат граѓаните на своите улици да ги поттргнат гранките и она што е полесно, а потоа службите ќе ги подигнат.

Лукровски со апел до карпошани : Да делуваме локално

Лукровски рече дека добил повици за паднати дрвја и кровови и дека засега нема повреднео. Вели дека делуваат организирано на ниво на град и дека се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети и објектот на Македонската опера и балет (ВИДЕО)

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје, предизвика оштетување и на објектот на Македонската опера и балет.

Невремето го оштети и објектот на Македонската опера и балет (ВИДЕО)

Според фотографиите и видеата , скршени со прозорците на влезот од објектот, а водата од силниот дожд навлегла во фоајато.

Вработените во МОБ веднаш по невремето почнаа со расчистување на скршените стакла.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатна сцена во автобус: Возач ја поместил торбата поради мајка со детска количка, кога се слушнале чудни крици

Напуштена женка мајмун беше пронајдена во лондонски автобус откако патник забележа чудна торба што го блокираше преминот, соопштија властите.

Неверојатна сцена во автобус: Возач ја поместил торбата поради мајка со детска количка, кога се слушнале чудни крици

Мајка со количка се обидела да излезе од автобусот, но торбата штрчеше од багажниот простор. Возачот потоа ѝ притрча на помош - не знаејќи какво изненадување ги чека.

Оставена во кафез

Кога возачот ја помести торбата, почнаа да доаѓаат звуци од неа. Набрзо беше откриено дека мајмунот е внатре.

RSPCA беше повикана на местото на настанот и ја именуваа женката „Oyster“, по името на билетот за автобус во Лондон „Oyster“.

Главниот инспектор на RSPCA Лондон, Клер Дју, рече дека женката мармосет била скриена во бел метален кафез завиткан во пластична кеса.

Таа ги пофали возачот на автобусот и персоналот на Метролајн за тоа што останале смирени, го однеле мајмунот на безбедно место и контактирале со RSPCA.

Организацијата сега се обидува да утврди кој го оставил животното во автобусот.

Покрената е истрага

Истражителите ќе ги прегледаат снимките од безбедносните камери и записите за пристигнување и заминување на патниците за да го пронајдат одговорното лице.

Животното сега е во резерват со специјализирани установи за примати, каде што наскоро треба да биде запознаено со машки мармосет кој бара друштво.

Специјалистот за егзотични животни на RSPCA, Еви Батон, рече дека приматите се многу интелигентни и социјални животни на кои им е потребен простор, ментална стимулација и соодветно друштво.

Таа рече дека воведувањето на лиценцирање на примати во Англија е важен чекор кон нивна заштита, но изрази загриженост дека некои сопственици кои не сакаат да се придржуваат кон новите барања би можеле да одлучат да ги напуштат своите животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер