МВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа. - Канал 5

МВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.

Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција.

МВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.

По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 Октомври“, кој ќе биде новото седиште на СВР Скопје. Започнавме и со подготовка на документацијата за нов објект на Полициската станица Кисела Вода.

Истовремено, инвестираме и во реконструкција на полициски центри и службени објекти низ државата, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници и ги зајакнуваме капацитетите на Министерството.

Затоа што современата полиција не се гради само со нова опрема, туку и со современа инфраструктура, достоинствени услови за работа и институции кои се подготвени да одговорат на потребите на граѓаните.

Продолжуваме да инвестираме во полицијата, затоа што подобри услови за работа значат поголема безбедност и поквалитетна услуга за секој граѓанин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Во Чаир законите не важат – со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не!

Штерјова: Во Чаир законите не важат – со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Се уште не се решени огромните скандали со дивоградбите, досега никој не одговараше. Коалициските партнери ВМРО и ВЛЕН се штитат меѓусебно.

Последниот скандал е со амин на ВРМО, нивниот коалицискиот партнер ВЛЕН, во Советот на Општина Чаир ги промени имињата на две улици без Бадентерово мнозинство.

Грубо е прекршен механизмот за една од клучните гаранции на Охридскиот договор за носење одлуки за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи, во овој случај Македонците.

Улиците се именувани по припадници на УЧК.

Носење на вакви одлуки може да создаде меѓутнички тензии и да ја поткопа довербата кај граѓаните – Македонци.

Очигледно коалицијата на власт намерно сака да создаде меѓуетнички тензии во општина која важи за толерантна и каде луѓето се почитуваат меѓу. Само за да ги покријат своите скандали.

Лажниот патриотизам на ВМРО се гледа насекаде и создава проблеми на секое ниво.

Се е лага кај ВМРО. Со лаги и манипулации дојдоа на власт, така и владеат.

Ги штитат своите функционери и нивните коалициски партнери од одговорност за дивоградбите а ги газат механизмите што ја штитат државата и меѓуетничките односи.

Граѓаните веќе јасно гледаат дека за ВМРО и ВЛЕН законите не важат, ги интересораат само бизнисите, тендери и привилегиите.

СДСМ бара повлекување на оваа незаконска одлука веднаш. Законот мора да важи за секого и насекаде.

YouTube video

Кети Штерјова-Советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Николоски на увид во инфраструктурни проекти во Охрид.

Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Многу капитални проекти во Охрид - објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид.

Во својата објава Николоски напиша:

"Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи капитални проекти.

Ја посетивме улицата Кленоец која целосно се реконструира со поддршка на Министерството за транспорт. Се изврши реконструкција на атмосферска и фекална канализација како и асфалтирање на улицата. Оваа улица претставува една од главните артерии за поврзување на овој дел од градот.

Го посетивме новиот објект на училиштето Кочо Рацин и Младинскиот центар во склоп на истото. Оваа функционална целина е од огромно значење за младите и сите жители од овој дел на Охрид.

Заедно со министерката за образование Весна Јаневска направивме увид во активностите во охридската гимназија, репрезентативен објект на градот.

Многу проекти и многу инвестиции во Охрид" -објави заменик претседателот на Владата, Николоски

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. 

МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот студентски дом „Никола Карев“.

Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при денешната посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и градоначалникот Кирил Пецаков извршија увид во градежните активности за реконструкција на кровот и замена на столаријата во училиштето. Проектот го реализира општина Охрид и е вреден над 50 милиони денари.

„Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење“, рече Јаневска.

Информираше дека за темелната реконструкција и опремување на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ се вложени над 120 милиони денари. Дополнително, со 19,5 милиони денари се обновени кабинетите и работилниците за практична настава во електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“.

Следниот капитален проект, како што информираше Јаневска, е целосната реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев“, инвестиција вредна околу 200 милиони денари.

„Студентскиот дом ќе биде целосно обновен, енергетски ефикасен и современо опремен, со услови какви што заслужуваат студентите. Очекувам и ново, одговорно раководство кое успешно ќе управува со установата и нема да создава непотребни долгови“, изјави Јаневска.

Министерката посочи дека вкупниот инвестициски циклус на Министерството за образование и наука во Охрид изнесува околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра.

„Вакви инвестиции во образованието во минатото не се реализирале. Продолжуваме со уште поголема грижа за учениците, студентите, наставниците и сите вработени во образовните установи. Имаме јасна обврска да го модернизираме образовниот систем и посветено работиме на достигнување на европските образовни стандарди“, порача Јаневска.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер