МВР на Србија: Во март во продолжение на борбата против корупцијата се уапсени 125 луѓе - Канал 5

МВР на Србија: Во март во продолжение на борбата против корупцијата се уапсени 125 луѓе

Вкупно 125 луѓе се уапсени во март од страна на српската полиција, односно Одделот за антикорупција на Управата за криминалистичка полиција како дел од борбата против корупцијата и финансискиот криминал.

МВР на Србија: Во март во продолжение на борбата против корупцијата се уапсени 125 луѓе

- Вкупно 125 луѓе се уапсени во март од страна на српската полиција, односно Одделот за антикорупција на Управата за криминалистичка полиција како дел од борбата против корупцијата и финансискиот криминал, јави дописникот на МИА од Белград. Кривични пријави се поднесени за 127 луѓе.

„Во соработка со специјалните антикорупциски одделенија на вишите јавни обвинителства во Белград, Нови Сад, Ниш и Краљево, уапсени се 125 лица, а против вкупно 127 лица се поднесени кривични пријави за кривични дела во надлежност на Одделот за борба против корупција. Причинета е противправна имотна корист од околу 670 милиони динари и штета во износ од околу 770 милиони динари“, соопшти МВР на Србија.

Меѓу уапсените во март има и функционери на локалните самоуправи во Бор, Лесковац, Голубац, Житораѓа, Брус, како и голем број одговорни лица во деловни субјекти во Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.

„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Со почетокот на новата учебна година, полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера (11.09.2026) во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и во основното училиште „Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа превентивна активност во рамки на проектите „Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“.

Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен акцент на безбедното движење на релација од домот до училиштето и обратно.

Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“.

Лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта.

Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив е и малолетник од Гостивар, додека возачот од Тетово управувал мопед без положен возачки испит.

Еден возач од Виница управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел навремено санкционирање на возачите кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, се клучни за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Долготрајни аплаузи за изведбата на „Едмонд“ на Битолскиот театар на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Синоќа, на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, „Едмонд“ на Народен театар Битола предизвика одлична реакција кај публиката.

Долготрајни аплаузи за изведбата на „Едмонд“ на Битолскиот театар на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Претставата беше проследена со големо внимание, силна енергија од сцената, а по завршувањето – долги и искрени аплаузи за актерите и целиот авторски тим.

Уште една успешна средба со публиката и уште еден убав момент за претставата „Едмонд“, работена по делото на Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски. Ликот на Едмонд го игра Огнен Дранговски, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска-Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

„Благодариме на фестивалот „Ристо Шишков“ и на струмичката публика за прекрасниот прием“, истакнуваат од Битолскиот театар.

Следното гостување на НТБ е на 18.септември на ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп со претставата „Пинокио“, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер