МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол - Канал 5

МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол

Во 00.35 часот во Стар Дојран, пак, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Ј.(40) од дојранското село Црничани, кој што управувал патничко возило „Фиат“ под дејство на алкохол, односно со измерени 2.45 промили алкохол во крвта.

МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.07.2025) во рамки на тековните активности на полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај и против кои што ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило“).

Од МВР информираат дека вчера вечер околу 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. (43) од село Косевица, кој управувал патничко моторно возило „Ауди“, без стекната возачка дозвола, а под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.

Потоа денеска (06.07.) во 01.30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од ПС за БПС Тетово, го лишиле од слобода Г.С. (42) од село Брвеница, кој што управувал патничко возило „Фолксваген Кади“ со измерени 2.05 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Во 00.35 часот во Стар Дојран, пак, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Ј.(40) од дојранското село Црничани, кој што управувал патничко возило „Фиат“ под дејство на алкохол, односно со измерени 2.45 промили алкохол во крвта.

Денеска во 00.45 часот и полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп го лишија од слобода Ж.П.(55) од Прилеп, кај кого при сообраќајна контрола, додека управувал со патничко моторно возило „Фиат“, биле констатирани односно измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

Во 02.16 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А. (19) од Виница кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,92 промили алкохол во крвта, а пак полициски службеници од СВР Куманово во 01,28 часот го лишија од слобода С.С. (29) од Куманово, кој што управувал возило марка „Ауди“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,57 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер