МВР: Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои десет возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол - Канал 5

МВР: Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои десет возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило.

МВР: Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои десет возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои десет управувале возило без возачка дозвола и двајца управувале возило под дејство на алкохол.

Без водачка, како што информира МВР, во Скопје возеле двајца, по еден во Штип и во Кичево, двајца во Велес и четворица во Тетово, од кои двајца малолетници. Еден возач во Велес управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода, а под дејство на алкохол возел и еден возач во Битола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Левандовски се претстави во МЛС со два гола

Роберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС и го предводеше Чикаго Фајр до победа од 2:1 над Шарлот, на својот прв домашен натпревар за новиот клуб.

Левандовски се претстави во МЛС со два гола

Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона летово, а на своето деби пред домашната публика веднаш покажа зошто е доведен.

Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој погоди по асистенција на Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-тата минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-мата минута го комплетираше пресвртот со прецизен удар во долниот лев агол и ѝ донесе победа на домашната екипа.

Со тоа, Чикаго ја забележа својата деветта победа сезонава, покрај шест порази и две нерешени средби, а натпреварот имаше и дополнително значење бидејќи тимот играше на својот стадион за првпат по повеќе од два месеци. Шарлот се обиде да израмни во завршницата и имаше корнер во судиското надополнување, но домашниот тим ја задржа минималната предност. Ова беше трет последователен пораз на гостите во дуелите со Чикаго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

За многу години Илинден! Да живее Македонија!

Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

По повод големиот празник 2-ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник на АСНОМ, на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство.

За многу години Илинден! Да живее Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката

По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка:

Почитувани граѓани,

Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги поставија темелите на македонската државност.

Идеалите на илинденците и на асномската генерација нè обврзуваат да создадеме просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе постапуваат одговорно, а граѓаните ќе имаат доверба дека нивните права и слободи се сигурно заштитени.

Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава.

Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот.. Само доколку секој од нас ја чувствува таа должност, уставните права и слободи ќе бидат вистински заштитени, а правната држава ќе биде наша заедничка реалност.

Денес повеќе од кога било, потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката.

Илинденската идеја не завршува со освојувањето на слободата. Таа продолжува со обврската да ја чуваме истата. Мирот и слободата се неразделни, а праведното општество може да постои само таму каде што владее правото и секој ја презема својата одговорност кон државата и кон Уставот.

Нека ни е честит и вековит Илинден – Денот на Републиката!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер