МВР: Лажни се поканите за тековна истрага од страна на сторители во името на МВР и ЕВРОПОЛ

Министерството за внатрешни работи информира дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

- Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, се наведува во соопштението од МВР.

Вучиќ тврди дека во следните четири години нема да се дозволи ископување литиум во Србија

Нема да има ископ на литиум уште најмалку четири години и нема да се дозволи никакво ископување додека не се потврди дека нема да има закана за животната средина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека е подготвен за секоја стручна расправа и аргументи за тоа.

Одговарајќи на новинарско прашање тој наведе дека неговиот повик до оние кои се против ископуавање литиум заедно да направат полиграф е повик за да се префрли дискусијата за литиумот од лично поле на професионална дискусија за тема.

-Јас сум претседател на Републиката. Се гордеам со тој факт и никогаш не сум земал пари од никого, а не од странска компанија за да лобирам за тоа, јас само лобирам за Србија, рече Вучиќ.

Тој рече дека нема да дозволи ништо да се прави доколку тоа ја загрози животната средина, но на жителите на Лозница ќе им покаже колку можат да добијат од искористување литиум.

Мицкоски: Дали и за бугарите во Албанија ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата?

„Тие само го користат просторот кој што го остави македонската Влада во претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. “

„Тие само го користат просторот кој што го остави македонската Влада во претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија кои што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам тоа кое што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границата. Но, не само во соседството, туку секаде низ светот“, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е коментарот за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на пишувањето на Македонците за бугарско малцинство.

Премиерот Мицкоски истакна дека за ова што се случува виновна е Владата на СДСМ и ДУИ, која како што рече оставила празен простор за бугарската пропаганда, но увери дека Владата има сериозна намера да се грижи за македонското население, нема само во соседството, туку секаде низ светот.

Жалам што тоа се случува, Но, виновникот има име и презиме, тоа е Владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската влада со својата пропаганда само го користи празниот простор, кои што овие им го оставија. Сега таму нема да има празен простор. Ние имаме сериозна амбиција и немаме намера да го оставиме тој простор таму, и не само таму туку насекаде во соседството и во светот. Да се грижиме за нашинците насекаде низ светот, вклучително и за Македонците во Албанија. Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам, сакам да ја вратам довербата во коренот, во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути кои доаѓаат со идентитетот, кои што тие гордо го чуваат и јас сум навистина горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се за да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет, изјави тој и додаде:

„Жалам што претходната влада на СДСМ и ДУИ вака се однесуваше и остави празен простор туѓа пропаганда да биде активна во тој дел. Но, јас би рекол таа асимилаторска политика од страна на нашиот Источен сосед не е само кај Македонците. Ако ги видите бројките ќе видите дека таа зафаќа и голем дел од останатите граѓани во Албанија. Тоа е нешто кое што треба посериозно да се анализира“.

Премиерот Мицкоски нагласи дека бидејќи во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што има во државата, дали и за нив ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата.

„Сега се поставува прашањето, бидејќи во Албанија има скоро три пати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и за Албанија ќе имаме услов да се тие во Преамбулата или нема, бидејќи тие имаат три пати повеќе граѓани на Албанија кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, од тие што велат дека се во Македонија. Сега прашањето е дали за нив ќе важи тој услов, или само за нас ќе важи тој услов. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата сега, навистина тогаш не би ја сфатил логиката зошто за нас би важело, а таму каде што ги има од три пати повеќе да не важи тоа. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања“, потенцираше претседателот Мицкоски, се наведува во соопштението.

Ќе има ли набрзо зголемување на минималната плата?

Барањето на синдикатите за минимална плата од 450 евра ќе се разговара на првиот состанок на Економско социјалниот совет, најави денеска новиот министер за економија Бесар Дурмиши.

Барањето на синдикатите за минимална плата од 450 евра ќе се разговара на првиот состанок на Економско социјалниот совет, најави денеска новиот министер за економија Бесар Дурмиши, без да прецизира кога точно ќе се одржи средбата. Тој сега ќе претседава со ова тело, но останува неизесно дали работниците ќе ја добијат бараната минимална плата сега, бидејќи минималецот не е споменат ниту во владината програма. Согласно закон таа се усогласува еднаш во годината, и тоа треба да се случи во март 2025.

„Ќе пристапиме кон измена на спогодба, на некој начин ќе ги ставиме Валдата и реорганизација сега што се прави ќе има нови членови, и ова прашање на првиот состанок ќе биде ставено на маса за дискусија. Како Влада од особено значење е социјалниот дијалог вклучување на сите засегнати страни при креирање на новата мерка, мора да ги имаме предвид инетересите на работниците но и на бизнис секторите.“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Од ССМ не отстапуваат, велат Македонија има најниска минимлана плата во регионот и нејзината корекција треба да се случи ведаш.

„Само со обезбедување на континуиран пораст на платите во приватниот и јавниот секотр врз основа на егзистенцијалните потреби на работниците и нивните семејства и реалната состојба на економските пазарни параметри, економскиот развој, инфлацијата, трошоците на живот и цените на основните животни продукти ќе се врати достаоинството на работниците.“-ССМ.

Покрај предизвикот со барањето за зголемување на минималната плата во првите 100 дена од работата на новата Влада, минстерот најави и разгледување, но и можно ревидирање на листата со над 1 600 производи која служи како правилник на новиот закон за нефер трговски практики, во зависност од дикусиите со коморите и производителите.

„Мојот предизвик сега ќе биде и минималната плата и цените....Со дијалог со коморите и производителите на храните ќе се сретенеме ќе видиме на некој начин да ги намалуваме цената се во интерес на граѓаните....“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Дурмиши најави и ревизија на досегашната работа на министерството, со образложение дека последната ревизија во министерството со кое раководи била спроведена во 2015 година.

притисни ентер