Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаМВР: Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“ Л.Г. се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судски совет на РМ.На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од КЗ. Пријавената Л.Г., како службено лице - член на Судски совет на Република Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите на нејзиното потесно семејство, не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно, со што го довела во заблуда Судскиот совет да и исплаќа надоместок на трошоци за превоз согласно точка 4 од Одлуката за начинот на остварување на правата на судиите утврдени во Законот за платите на судиите бр.02-1425/12 од 13.10.2010, а донесена од страна на Судски буџетски совет, согласно одредбите од член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет. Имено, пријавената Л.Г. во својство на судија од Основен суд Струмица во 2018 година била избрана за член на Судски совет, од редот на судии од апелационо подрачје Штип, при што, согласно член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет, членот на советот има право на надомест на трошоци за превоз во висина од вистинските трошоци за јавен сообраќај. Согласно тоа, пријавената Л.Г. поднела барање, кон кое доставила копија од лична карта, одлука за избор за судија и изјава заверена на нотар дека таа или член од нејзиното потесно семејство немаат стан или куќа во нивна сопственост во местото каде ја извршува функцијата. Пријавената Л.Г. во 2022 година имала промена на имотна состојба, односно нејзината ќерка се стекнала со недвижен имот-стан во Скопје, но Л.Г. не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет, за што од страна на Судски совет на пријавената за период од септември 2022 година (како месец по стекнувањето на имотот) до декември 2023 година (кога и престанало правото на надомест на трошоци за превоз по нејзино доставено известување на ден 15.01.2024) во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, за кој износ Л.Г. се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судски совет на РМ, стои во соопштението од МВР. Тагови: Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter