МВР и обвинителството го истражуваат случајот „Прв извиднички камп“ - Канал 5

МВР и обвинителството го истражуваат случајот „Прв извиднички камп“

Првиот скопски извиднички одбор се јави со писмено соопштение вчера попладне со објаснување дека кампот „Есенски бакнежи, прегратки“ не бил во рамките на неморалот, блудот или сексуалното вознемирување.

МВР и обвинителството го истражуваат случајот „Прв извиднички камп“

Според соопштението се вели дека извидништовто само по себе меѓу другото подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговараат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на сексуалното образование. Тие објаснуваат дека овој камп се одржувал 12 години и досега сите настани поминале без проблеми, поплаки и повреди. И за една деценија учествувале скоро 500 млади. Според нив сведочењата од настанот биле извадени од контекст. Иако во соопштението нема одговор на прашањата до каде се одело со едукацијата и какви алатки на образовние се употребувале. Заминавме во седиштето на извидничкиот одбор по овие одговори. Ва малата зелена куќа имаше само еден извидник, од надлежните немаше никој.

Сепак комуникацијата остана само на испратената писмена реакција од овој одред.

Според последните информации на разговор во полиција биле неколку родители и организаторите на настанот по барање на обвинителство кое веќе го оформува предметот. Скандалот се појави пред три дена кога родител реагираше по раскажувањето на 16 годишната ќерка која минатиот викенд била на кампување преку одредот и била непријатно изнендадена од понудениот перформанс за едукација каде според кажувањата било барано да се соблекуваат, бојат делови од телото и оставаат отпечатоци на хамери.

YouTube video

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер