МакедонијаМВР: Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Усје ќе мора да ги исполнува параметрите од новиот законХоџа вети дека целата процедура ќе биде транспарентна. Новата А-интегрирана дозвола за цемантарница УСЈЕ, ќе биде според строгите параментри кои ќе важат со новиот закон од сепмтври 2027 година, најави минстерот за животна средина, Мухамет Хоџа и вети дека целата процедура ќе биде транспарентна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре почнува НАТО самитот во Анкара – Европа ја презема одговорноста за безбедноста на континентотАнкара е под силни безбедносни мерки во пресрет на Самитот на НАТО, кој официјално започнува утре и ќе трае до среда. Во турската престолнина се очекува пристигнувањето на лидерите на 32-те земји членки на Алијансата меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп. Но, наместо атмосфера на единство, самитот започнува во сенка на масовни анти-НАТО протести. Демонстрациите, организирани од Комунистичката партија на Турција, беа проследени со судири со полицијата, при што, според турските власти, приведени се повеќе од 100 лица, меѓу кои новинари, активисти и универзитетски професори. Поради безбедносните ризици, Анкара практично е под посебен безбедносен режим. Турските власти ангажираа околу 70 илјади припадници на безбедносните сили, од кои 55 илјади се полицајци и припадници на жандармеријата, со цел непречено одвивање на самитот и заштита на високите делегации. Во ваква атмосфера, лидерите ќе разговараат за неколку клучни прашања – зголемување на инвестициите во одбраната на земјите членки на 5 проценти од БДП, натамошната воена поддршка за Украина, зачувување на единството во сојузот но и инцијатива Европа да ја презема одговорноста за безбедноста на континентот. Во пресрет на состанокот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати порака за единство меѓу сојузниците, настојувајќи да ја зачува цврстата поврзаност меѓу Европа и САД. -НАТО не е тука да го направи некој среќен. Кога се осврнувам на она што беше кажано во Хаг, однесувајќи се на оние 5 проценти од БДП за безбедноста, посочив дека тоа мора да се направи. Бидејќи кога ги гледаме плановите на НАТО кои ги има, и капацитетите кои ни се потребни да се одбраниме самите себе си, мораме да одвојуваме до 5 проценти за одбранбените трошоци. Повеќе за одбраната вклучително и пошироките трошоци поврзани со одбраната. Добра вест е дека на тој начин Европа се изедначува со тоа што ги трошат САД. Америка е целосно посветена на НАТО, но истовремено имаат и очекување, дека европските сојузници да трошат исто колку нив, што е сосема фер.- Генерален секретар на НАТО, Марк Руте Во меѓувреме под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, речиси сите членки на НАТО се согласија до 2035 година да издвојуваат 5 проценти од БДП за одбраната. Од оваа сума, 3,5 проценти ќе бидат директни воени трошоци, а останатите средства ќе бидат наменети за активности поврзани со безбедноста и одбраната. Според најавите во завршната декларација се очекува да биде потврдена посветеноста на колективната одбрана согласно членот 5 од Северноатлантскиот договор. Исто така, сојузниците ќе ја потврдат финансиската и воената поддршка за Украина, која според најавите ќе достигне околу 140 милијарди евра во текот на оваа и следната година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на самитот и очекува дополнителна помош во областа на противвоздушната и противракетната одбрана. На социјалните мрежи изутрината од кабитентот на претседателката Гордана Силјановска - Давкова беше објавено видео во кое се гледа пристигнување на претседателката на НАТО Самиотот во Анкара. Според најавите на претседателката се очекува да се приклучи во текот на денот и министерот за одбрана Владо Мисајловски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНовите правила за тротинетите ќе стапат на сила најдоцна до крајот на јулиНовите правила за електричните тротинети до крајот на неделата треба да се објават во службен весник, а најдоцна до крајот на месецот ќе почне и неговата примена.Главната новина е забраната за управување за малолетници - тротинет ќе може да се вози по 18 години – во спротивно тротинетите ќе бидат конфискувани од полцијата, а ќе следува и највисоката казна од 275 евра за родителите. -По две-три деца, а и деца воопшто на тротинети набргу ќе стане минато, новиот закон, конечно ќе ги препознае електричните тротинети како дел од секојдневниот сообраќај со јасни правила за нивно користење. Ако родителите не можат да пресечат, тогаш ќе плаќаат казни, а ќе останат и без тротинетот – велат граѓаните кои велат очекуваат пред се очекуваат ред и побезбедни пешачки патеки, кои досега според нив ги немало. Според нив казните соодветни, но можат да бидат и повисоки. -Они се мали, ама родителите се големи, треба да си ги воспитуваат децата. Кога ќе го удри човек по џеб подлабоко, тогаш тој ќе се освести, дали треба да внимава на своето дете или да не внимава. Би требало да биде побезбедно, малку ќе го стават прстот на глава родителите и ќе внимаваат. / Мислам дека е добро тоа, и заради безбедност на младите и пешаците, возат бесно гледам по двајца се качуваат. Пред се заради здравјето на децата, заради општа сигурност на сите. Добро е што зголемија на 18 години, децава да не прават „белји“, секое вози, еве гледам пак, по улици вози, но да се внимава треба. Поголема безбедност, ред и заштита на сите учесници во сообраќајот – полицијата е целосно подготвена и доследно ќе го спроведува новиот закон за електрични тротинети – велат од МВР за Канал 5. Целта не е да се казнува, посочуваат од МВР, туку посигурни улици за сите. -Нашата примарна цел не е казнувањето, туку превенцијата и подигнувањето на соовраќајната култура. Затоа во почениот период акцент ќе биде ставен и на информирање и едукација на граѓаните за новите правила и обврски, а истовремено ќе се санкционираат прекршоци предвидени со закон. Електричните торитените се се позастапено превозно средство, но нивното користење мора да биде во согласност со прописите, и со цел да се заштитат и возачите на тротинети, и пешаците и останатите учесници во сообраќајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Меѓудругото, возењето сега ќе биде ограничено на 20кмч, задолжителна е кацига, ќе треба да се вози на велосипедска патека или со шест кмч на пешачка патека. Ако бидат затекнати две или повеќе лица на тротинет, сите ќе треба да платат казна по 100 евра, а до 275 евра одат и казните за управување под дејство на алкохол, а речиси во сите горенаведени дополнително се предвидува и одземање на тротинетот до 30 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook