Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
2Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
3Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаМВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирноЛокалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава.МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканците одбија напад со дронови на воена база во Британија- се сомневаат на ИранАмериканските сили одбија напад од шест беспилотни летала врз воената база на RAF Lakenheath во источна Англија претходно овој месец, објави утрово Financial Times, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Според овие извори, се сомнева дека Иран е вмешан во инцидентот. Инцидентот се случил на 13 ноември, кога во базата било издадено безбедносно предупредување и на американскиот воен персонал му било наредено да се засолни. Американците користеле системи против беспилотни летала. Сепак, не биле пронајдени беспилотни летала, поради што не било утврдено дали носеле оружје или опрема за шпионажа. Воздухопловните сили на САД потврдија на денот на инцидентот дека реагирале на сомнителна неовластена активност на беспилотни летала. Никој не бил повреден, а ниту еден авион или инфраструктура не е оштетен. Британското министерство го потврдува инцидентот Британското министерство за одбрана денес потврди за Ројтерс дека војската и локалната полиција соработувале со американските сили и дека ситуацијата брзо била ставена под контрола. Министерството не ја потврди вмешаноста на Иран. Инцидентот се случил во време на зголемена безбедност во британските воени бази што ги користат американските сили. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека САД ги повлекле стратешките бомбардери Б-1 од базата на воздухопловните сили на РАФ Ферфорд по безбедносниот инцидент во септември поради закана поврзана со Иран. Техеран негираше каква било вмешаност во инцидентот, како и обвинувања за други непријателски активности на британска територија. Британија ја засилува безбедноста за воените авиони Британските медиуми оваа недела објавија дека РАФ преместува воени авиони во хангари и заштитени засолништа ноќе поради ризикот од напади со беспилотни летала. Исто така, постојат планови за инсталирање заштитни мрежи околу изложените авиони. Британските власти со години го обвинуваат Иран за заговор и обид за атентат врз ирански дисиденти и израелски и еврејски цели на британска територија. Сепак, досега нема јавно достапни докази што укажуваат дека Техеран стои зад последниот инцидент со беспилотни летала. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата 10:09
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата Вчера вечер во Ургентниот ценатар на Клинички била донесена претепана жена од Гостовар.Според извори од КАРИЛ, жената денеска е стабилна и не е интубирана. Била донесена во многу тешка состојба откако ја претепал сопругот. Според синоќешното соопштение од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа две скршени ребра, парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, за успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Наградата беше врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“ и претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио. Министерството за финансии во јануари 2026 година успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница. Во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија. „Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter