Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија - Канал 5

Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија

 Музика на Збигњев Прајснер, напишана за филмовите на режисерот Кшиштоф Кишловски, вечер, од 20 часот, ќе биде изведена од оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија.

Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија

- На програмата се: „Лакримоса“ од „Реквием за мојот пријател“, селекција на филмска музика од филмовите: „Декалог“, „Тајната градина“, „Двојниот живот на Вероника“, „Трибои: сино, бело и црвено“. Како солистка ќе ја чуеме Филипа Бојл од Англија, а ќе настапи и хорот “Про Арс”, информираат од Филхармонија.

Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“, трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава. Токму за неговиот близок пријател и соработник Кишловски го пишува првото поголемо дело – „Реквием за мојот пријател“ што го издава во 1998 година за „Ворнер класикс“. Истата година делото ја доживува и својата светска премиера во Варшава. Делото е издадено и на цеде и на винил од издавачката куќа „Сони Поланд“. „Реквиемот“ е напишан во девет ставови.

Николас Чалмерс е уметнички директор на „Невил Холт Опера“ од основањето на фестивалот во 2013 година. Под негово раководство, во рамките на фестивалот се изведени седум нови опери и пет обнови на постари продукции... Со оркестарот на „Невил Холт Опера“ ги диригирал „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Вртење на шрафот“, „Кармен“, „Риголето“, „Љубовен напиток“, „Тоска“, „Така прават сите“ и други. Чалмерс работи со водечките оркестри и хорови во Велика Британија, меѓу кои со „The BBC Singers“, Симфонискиот оркестар на Бирмингем, Англискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар „Бритн“.

Филипа Бојл е една од најактивните вокалистки на сцената во Велика Британија, каде важи за етаблиран изведувач на германскиот репертоар. Нејзините најнови изведби ја вклучуваат Елеонора во „Моќта на судбината“ и главната улога на Јенуфа во истоимената опера на Јаначек, Виолета во Вердиевата „Травијата“ на оперските сцени во Британија. Освен што активно настапува како солистка во оперски продукции, Филипа Бојл е активнa и како концертен музичар.

Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски, по повеќегодишно дејствување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во државата. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално- инструментална музика на Филхармонијата на РС Македонија, настапувајќи не само со маестро Татарчевски туку и со диригенти како: Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа, Лубнан Балбаки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Honda Civic“ во центарот на судски спор по фатална сообраќајна несреќа

Сигурносните појаси спасуваат повеќе од 15.000 животи годишно само во САД. Сепак, во нова тужба се тврди дека сигурносниот појас во „Honda Civic“ од 2017 година придонел за фаталните повреди на еден патник за време на судир.

„Honda Civic“ во центарот на судски спор по фатална сообраќајна несреќа

Според тужбата поднесена во Њу Џерси, 18-годишниот Џејкоб Л. Свон починал на 27 мај 2025 година, по тежок судир. Свон се возел на задното седиште во „Honda Civic“, а во тужбата се наведува дека во моментот на несреќата носел сигурносен појас со три точки на прицврстување.

Според полицискиот извештај, автомобилот управуван од тинејџерот Лукас Џ. Корон преминал во лентата за спротивен правец на патот „N. Rt. 31“ и директно се судрил со возило што доаѓало од спротивната насока.

Возачот и патникот на предното седиште се здобиле со сериозни повреди, додека Свон починал.

Што се тврди во тужбата?

Во тужбата, поднесена до Вишиот суд на округот Барлингтон во Њу Џерси, се тврди дека „Honda Civic“ од 2017 година била „несоодветно дизајнирана“ и недоволно безбедна за нејзината намена.

Адвокатите на семејството тврдат дека системот за задржување на патниците на задното седиште имал конструкциски недостатоци и можел да предизвика опасно, локализирано нагло забавување на одредени делови од телото при судир. Во тужбата исто така се наведува дека системот на сигурносниот појас имал проблем со прекумерно извлекување на лентата – појава позната како „web spool-out“. Друг проблем наведен во врска со задното седиште е недостатокот на соодветна рампа за спречување на лизгање на телото под појасот – односно систем против „anti-submarining“.

Правните застапници на семејството тврдат дека „Honda“ знаела, или требало да знае, за потенцијалниот ризик што го носел тој дизајн. Важно е да се напомене дека ова се тврдења од тужбата, а не правно утврдени факти. „Honda“ сè уште нема одговорено на наводите на тужителите во оваа постапка.

Што бара семејството? Семејството на починатиот бара судење пред порота, како и надомест на штета (компензација и казнена отштета), камати, адвокатски трошоци и други видови надомест што судот може да ги досуди.

Покрај компаниите „Honda Motor“, „American Honda“, „Honda Development & Manufacturing of America“ и „Honda Canada“, како тужена страна е наведен и возачот, Лукас Џ. Корон.

Во тужбата се наведува дека несреќата делумно била предизвикана од неговото „немарно возење“, поради што семејството бара отштета и од него, согласно законите на Њу Џерси.

Понатамошниот тек на постапката треба да покаже дали судот ќе ги прифати наводите за конструкциски дефект на системот за безбедносни појаси и дали производителот сноси правна одговорност за смртта на патникот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер.

Макрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер, објавија Елисејската палата и француското Министерство за вооружени сили.

Макрон го гледаше лансирањето од фрегата на француската морнарица. M51, третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од подморница, која е во употреба од минатата година, беше испукана без нуклеарна боева глава и падна во Северниот Атлантик, неколку стотици километри од кој било брег, според францускиот „Фигаро“.

Посетата на претседателот беше ненајавена и се одржа без присуство на медиумите. Самото лансирање претходно беше најавено како дел од воена вежба.

Тестот доаѓа во време на зголемени тензии во Европа. Макрон во последните недели предупреди за промена на карактерот на „руската агресија и закани“ кон европските земји, по серијата хибридни напади за кои Западот ја обвинува Москва.

Ракетата беше лансирана од нуклеарната подморница „Ле Вижилан“ како дел од операцијата „СМЕРТРИОС“, чија цел беше да се тестира способноста на подморницата повторно да ја користи ракетата М51 по редовно одржување и ремонт.

Министерството соопшти дека ракетата била следена во текот на целиот лет и дека тестот бил извршен „во целосна согласност со меѓународните обврски на Франција“.

Франција пред една година воведе нова верзија на ракетата М51 во употреба, опишувајќи ја како важен чекор во модернизацијата на поморската компонента на нејзиното нуклеарно средство за одвраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје

Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во  применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.

Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во  применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје

— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година.

Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи.

Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста

Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од

областа на:

- Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и

домашен декор,

- 3Д моделирање и дигитално обликување,

- Изработка со современи технологии,

- Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии).

По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти.

Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн

Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање.

Начин на пријавување

Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација.

- Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година

- Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWA

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер