3Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
КултураМузичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Национална опера и балет и ТанецНа сцената на Националната опера и балет на 27 септември 2023 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.За прв пат во македонската понова историја, Националната опера и балет и Танец ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет. Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции - класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границатаДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење. Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици. „Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев. На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“. „Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи Дали Коридорот осум ќе финишира до 2032 година..И бугарската министерка и министерот Муцунски на конференцијата во Софија порачаа дека ќе се забрза реализацијата на Коридорот осум... Еврокомесарката Кос пак посочи дека посакува еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од Европа.. Но позициите Скопје-Софија и по тет- а -тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит- остануваат непроменти... Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања... Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Кос. Разговарале и околу билатералниот спор, но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во тој процес, изјави Муцунски... За пораките од овие средби повеќе детали од Софија има Дејан Србиновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВрнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook