Музички ураган , невиден досега на овие простори ќе му се случи на главниот град - Канал 5

Музички ураган , невиден досега на овие простори ќе му се случи на главниот град

Од 29 мај до 02 јуни, на две сцени , надвор и внатре во спортскиот центар Борис Трајковски ,започнува ново музичко доживување за љубителите на фестивалите . Повеќе нема да мора да патувате надвор од Македонија за да бидете дел од голем музички хепенинг, сето тоа во овие пет дена ќе го доживеете на ЕНТЕРФЕСТ.

Музички ураган , невиден досега на овие простори ќе му се случи на главниот град
Фестивалската приказна која започнува во Скопје ,во периодот кој следува ќе продолжи да патува и низ регионот.

Петдневната забава ,исполнета со многу гости од соседните земји но и пошироко ќе овозможат културата, урбаниот начин на живеење и позитивните вибрации да ги отргнат мислите од политиката и разговорите кои не оддалечуваат едни од други ,а целта ќе биде исполнета кога соединети сите ќе пристигнат да ги проследат настапите на големите музички ѕвезди. Ентерфест ќе ги отвори можностите за кои изминатите години сите млади сонуваа, добра забава блиску до нив и вистинска фестивалска атмосфера .

1000 ангажирани лица ќе бидат дел од организацијата на фестивалот , со цел беспрекорно фунционирање и движење на поситителите ,кои се очекува до достигнат бројка од 200,000. Врвната техничка опрема , специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје , и звук каков што досега не е чуен на овие простори , ќе направат овие 5 дена Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕРФЕСТ и тоа за само 990 денари за петдневен влез на фестивалот.

Билетите од денес напладне се во претпродажба од 990 денари на http://mktickets.mk/

Во продолжение листа на дел од учесниците на првиот ЕНТЕРФЕСТ :


Листа на изведувачи
1. Тамара Тодевска
2. Ера Иштрефи
3. Масимо Савиќ
4. Атомско Склониште
5. Дадо Топиќ
6. Партибрејкерс
7. Ван Гог
8. Игор Џамбазов и Гуру Харе
9. Гоце Саф
10. Опча опасност
11. Марчело
12. ПМГ
13. Дивље Јагоде
14. Ај Кју
15. Земља Грува
16. Кепурдхат
17. Елементал
18. Бени Нон Стоп
19. Неверне Бебе
20. Кербер
21. Визија
22. Конкуринг Лајон
23. Бед Копи
24. Дани
25. ЕнБеКа и Твистер
26. Кара
27. Министерс Галери
28. ДНК
29. Кристина Арнаудова
30. Севдах Бејби
31. Ки
32. Аутмајнд
33. Викторија Лоба
34. Теодора
35. Ничим Изазван
36. Агушеви оркестар
37. Темпера
38. Фолтин
39. Но Нејм Нејшн

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лафчиски присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово.

Лафчиски присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денес,присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“,која се одржа во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина.

На свеченоста, со која претседаваше адмиралот Викоф, досегашниот командант, генерал-мајор Озкан Улуташ ја предаде должноста на генерал-мајор Роберто Вергори.

Во рамките на посетата, генералот Лафчиски оствари средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, командантот на Здружената оперативна команда на Италија, генерал-потполковник Џовани Мариа Јанучи и командантот на Корпусот за брзо распоредување на НАТО во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Џанлука Караи. На средбите беше потенцирана важноста од заедничкото дејствување и координацијата меѓу сојузничките земји кои остануваат цврсто посветени на колективната безбедност и зајакнувањето на одбранбените капацитети во зоната на одговорност .

За време на престојот, генералот Лафчиски ги посети припадниците на македонскиот контингент кои извршуваат активности во реонот на Дечани и Регионалната команда – Запад, Пеќ каде што оствари средба и со командантот, полковник Џузепе Де Балзи . Притоа, беа истакнати високата професионалност, посветеност и придонесот на припадниците на Армијата во извршувањето на задачите, како и одличната соработка меѓу Армијата и силите на КФОР. На средбата со мировниците, генералот Лафчиски беше непосредно информиран за тековните предизвици при извршувањето на нивните задачи, упатувајќи им притоа порака да продолжат достоинствено и професионално ја претставуваат Армијата и државата во оваа меѓународна мисија.

Армијата на Македонија е дел од мисијата „КФОР“ од ноември 2020 година. Во моментов, македонскиот контингент го сочинуваат два вода распоредени во Регионалната команда – Запад и штабни старешини во командата на мисијата во Приштина, соопштуваат од АРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечено е одбележано 59-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите.

На свеченото одбележување на Денот на Академијата свое обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, кој најнапред зборуваше за научната и уметничката дејност на Академијата во изминатата година.

Свечено е одбележано 59-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите.

На свеченото одбележување на Денот на Академијата свое обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, кој најнапред зборуваше за научната и уметничката дејност на Академијата во изминатата година, а потоа зборуваше за новите предизвици во време на забрзани технолошки промени и општествениот контекст во кој Академијата ја извршува својата дејност како највисока научна и уметничка институција во државата.

Потоа, на прославата свое обраќање имаше доп. член Венко Андоновски, кој ја претстави и зборуваше за делото на Соња Должан, добитничка на наградата „Блаже Конески“ – меѓународно признание за 2026 година за посебен придонес во развитокот на науката, културата и уметноста на Македонија. На крајот Соња Должан одржа поздравен говор.

МАНУ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалниот експертски состанок за зајакнување на прекуграничната кривично-правна соработка и заштита на странски жртви во случаи на трговија со луѓе.

Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалниот експертски состанок за зајакнување на прекуграничната кривично-правна соработка и заштита на странски жртви во случаи на трговија со луѓе, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Во своето обраќање, министерот Тошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. Тој изрази благодарност до УНОДЦ за организацијата на состанокот, истакнувајќи дека присуството на експерти и делегации од регионот, но и од Јужна Америка, ја потврдува заедничката определба за заштита на жртвите без оглед на националните и географските граници.

„Трговијата со луѓе, како глобално и општествено неприфатлив чин, не познава граници, ниту пак прави разлика меѓу луѓето врз основа на нивното потекло, припадност или убедувања. Оттаму, нашиот одговор мора да биде исто толку одлучен: организиран, сеопфатен и мултидисциплинарен“, истакна Тошковски.

Министерот посочи дека покрај традиционалните облици на експлоатација, криминалните мрежи развиваат и нови, сè посложени начини на злоупотреба на луѓето. Посебно внимание посвети на ризиците од трудова и сексуална експлоатација, како и на ранливоста на странските државјани кои, во потрага по подобри економски можности, можат да станат жртви на трговија со луѓе.

Тошковски нагласи дека Западен Балкан претставува регион на потекло, транзит и крајна дестинација за жртвите, а во Македонија во последните години доминира внатрешната трговија со луѓе, иако се идентификуваат и странски жртви. Особено загрижувачка е ранливоста на децата и лицата погодени од сиромаштија, дискриминација и семејно насилство, поради што е неопходно институциите постојано да ги следат новите трендови и навремено да реагираат.

Осврнувајќи се на националните напори, министерот потсети дека Македонија од 2001 година континуирано ги развива институционалните механизми за борба против трговијата со луѓе, усогласувајќи го законодавството и практиките со меѓународните стандарди и препораките на релевантните организации.

„Нашиот систем е поставен врз пет столба: превенција, кривичен прогон, заштита, реинтеграција и обесштетување на жртвите. Во фокусот на секоја наша мерка секогаш стои Човекот — жртвата чие достоинство мора да го вратиме“, порача Тошковски.

На крајот, министерот истакна дека трговијата со луѓе често останува скриена, а жртвите невидливи за општеството, поради што подигнувањето на јавната свест, едукацијата, навременото препознавање и пријавувањето се од суштинско значење.

Тој порача дека само преку силна институционална координација, меѓународна соработка и пристап во чиј центар се правата и достоинството на жртвите може да се обезбеди поефикасно спречување и откривање на трговијата со луѓе, кривичен прогон на сторителите и соодветна заштита на жртвите, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер