Музички настан по повод пет години постоење на „ПМГ Танц Дигитал“ - Канал 5

Музички настан по повод пет години постоење на „ПМГ Танц Дигитал“

Во градината на кафулето „P_inn“ во Старата скопска чаршија во Скопје вечер ќе се реализира музички настан по повод пет години делување на македонската дискографска куќа за електронска музика „ПМГ Танц Дигитал“.

Музички настан по повод пет години постоење на „ПМГ Танц Дигитал“

-„PMG Tanz Digital“ се јавува како одговор на потребите за регистрирање, издавање и промоција на новиот автентичен и квалитетен израз на македонските електронски музички автори. Оние, чија музика се карактеризира со оригиналност и звук кој пулсира и парира на актуелната светска електронска продукција, се вели во најавата за настанот.

Како курирана музичка платформа основана од Мирко Попов и Андреја Салпе во 2019 година, во своето петгодишно постоење бележи 23 музички изданија, регистрирани на бендкамп платформата - „https://pmgtanzdigital.bandcamp.com/“.

„PMG Tanz Digital“ произлезе од работата на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, како специјализиран лејбл кој ги регистрира современите електронски музички текови, со фокус на домашни музички автори и им обезбедува платформа за поширока видливост и промоција.

Како што е најавено, настанот ќе се одбележи со електронска музичка програма во „P_inn“ во Старата скопска чаршија. За првпат со соло настап во живо ќе се претстави Андреја Салпе. Неговата музика освен за ПМГ Рекордингс и „PMG Tanz Digital“ е издадена и за странски дискографски куќи, а неговата потреба за креирање современ електронски звук е присутна и во работата, како дел од музичко-поетскиот проект „Поетроника“. Во рамки на програмата со диџеј сет ќе се претстави и Виолета Качакова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Четири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. 

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс.

Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг.

Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување.

Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините.

Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

 Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер