Музичката апликација „BARS“ е наменета за рапери и наликува на „TikTok“ - Канал 5

Музичката апликација „BARS“ е наменета за рапери и наликува на „TikTok“

Тимот на компанијата „Facebook“ задолжен за развој и истражување претстави уште една музичка апликација- „BARS“.

Музичката апликација „BARS“ е наменета за рапери и наликува на „TikTok“

Станува збор за апликација главно наменета за рапери, каде можат да снимат рими и да додаваат разни гласовни ефекти, а се тоа со помош на професионално направени битови.

Она поради што апликацијата може да биде посебно интересна, е вештачката интелигенција која, додека пишувате стихови, предлага зборови кои можат да се римуваат со она што го внесувате.

Секако, тука се и разни визуелни и аудио филтри како и аутотјун. Исто така „Challenge Mode“ е режим во рамки на кој може да се вежба слободен стил, односно каде авторите мораат да импровизираат текст врз основа на збор кој вештачката интелигенција ќе го предложи, пишува „Engadget“.

Врз основа на тоа што може да се види, кога е во прашање дизајнот, „BARS“ изгледа сосема слично на „TikTok“, со можеби неколку промени. Затворената бета програма, за сега, е достапна само за „iPhone“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.

Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност.

Информација за времето. Ќе биде сончево, со услови за локален дожд и грмежи во југоисточните делови.. 

Сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормускиот теснец за„територија на САД“..

Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија

Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став, со оглед дека тој изјавата ја даде со насмевка за време на митинг во Гарден сити, во близина на Њујорк..

Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа дека САД имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец..

Од Иран веднаш возвратија дека теснецот останува под иранска контрола и дека Вашингтон не може да го преземе ниту со воени закани, ниту со политички изјави.

-Откако ќе завршиме и ќе го победиме Иран, кој е многу тешко поразен.Ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на САД.Навистина ни оди добро, ни оди добро во секој поглед. Знаете, ја изградив војската и ја користев малку повеќе отколку што сакав, искрено, но во ред. Не смееме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Дали се согласуваме? - истакна Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер