Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер - Палурович - Канал 5

Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер - Палурович

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди интересна содржина со концертот на Доминик Вагнер на контрабас и Софија Палурович на пијано.

Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер - Палурович

Маестро Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постоечки композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со неговиот татко, композиторот Волфрам Вагнер транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн.

Иако релативно млад, Доминик Вагнер е стипендист на фондацијата на Ан Софи Мутер, добитник е на наградата „Ехо“ Класик, а во 2022 година беше прогласен за млад талент на годината од страна на Опус Класик. Победник е на бројни натпревари за контрабас, како натпреварот за соло басисти на фондацијата „Брадетич“, Меѓународниот натпревар на АРД во Минхен, добитник е на наградата „Фани Менделсон“ како и на награда на Евровизискиот натпревар за млади класични музичари.

Има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли како „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во Њујорк (Карнеги Хол), Берлин (Концертхаус), Виена (Музиквераин и Концертхаус), Минхен (Херкулес сала), Хамбург (Елб филхаронија). Соработува со Камерниот оркестар во Вуртемберг како млад уметник , а редовно настапува во САД каде одржува рецитали, камерни концерти и семинари. Во 2021 година Доминик Вагнер го издава своето прво ЦД насловено „Џовани Ботезини- Револуција на басот“, а во 2023 го издава и своето второ аудио ЦД заедно со Лаума Скриде „Поглавја-Приказна за контрабас“. Овој албум, како и концертите кои се поврзани со неговата промоција вклучуваат дела од Бах и Шуберт, па сè до Пјацола и Манцини, на тој начин презентирајќи го целиот уметнички распон на Вагнер. Тој е исто така и активен камерен музичар, постојано трагајќи по нови звучни изрази што резултира со неговото дуо-партнерство со џез басистот Георг Бреиншмид, како и со кларинет триото со Себастијан Манц и Данае Доркен.

Пред да стане контрабасист во 2007 година, Доминик Вагнер учел виолончело, а четири години поминал и како хорист во Хорот на „Виенските деца“. Студирал на Универзитетот за изведувачки уметности во Виена во класата на професорите Јозеф Нидерхамер и Вернер Флејшман од 2009 до 2015 година, а од 2015-2022 со проф. Дорин Марк на Високата школа за музика во Нирнберг. Од 2023 година е студент на специјалната програма на Академијата „Конберг“, а редовно одржува мајсторски курсеви во Европа и САД. Од 2023 година е професор по контрабас на Високата школа за музика во Вурцбург.

Софија Палуровиќ започнува да учи пијано со Татјана Вукмановиќ во Нови Сад. Откако го завршува образованието во специјализираното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ во Нови Сад, заминува во Виена каде студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во класата на Стефан Владар, а магистрира во класата на проф. Јасминка Станчул. За време на студиите бележи успеси на национални и меѓународни натпревари - прва награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Белград, прва награда на натпреварот „Пијано таленти“ во Милано (Италија) и прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград. Дополнително, освојува награди како камерен музичар со триото „Спирито динамико“ (флејта, виолина и пијано). Во изминатите години настапува во престижни концертни сали во Европа како „Брукнер хаус“во Линц, „Бетовен хаус“ во Бон, но и во Градската куќа во Нови Сад. Вклучена е во разни мултидисциплинарни проекти како премиерата на верзијата на „Човекот од Мидиан“ за две пијана и современ танц. Софија се надградува учествувајќи на семинари кај познати пијанисти и педагози како Анџела Хјуит, Жак Рувие, Иан Џонс и др.

На програмата на вечерашниот концерт се избрани дела на Бетовен, Малер, Ботесини, Мартин, Пјацола. За двајцата уметници резервирана е салата во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. 

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски.

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ.

Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот.

Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија.

Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ.

Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре.

Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници.

ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски.

Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови.

Сега сите се на исто место. Им благодариме.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер