3Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
КултураМузичка вечер со Гудачкиот квинтет на Загребската филхармонија на „Охридско лето" Прекрасната акустика што ја нуди сцената на катедралната црква „Света Софија" за 15 ден од Фестивалот „Охридско лето" е местото каде вечер ќе настапува гудачкиот квинтет на Филхармонијата од Загреб.Изминатата пандемиска година, кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да „престане" музиката. Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање, прв пат заеднички започнуваат да „комуницираат" во ваков состав, донесувајќи ѝ на публиката, а и на самите ним, малку утеха преку универзалниот јазик на музиката. Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети што ги обединуваат во исклучително заедничко музицирање, тие многу бргу ги освојуваат симпатиите на музичката јавност. За настапот на Гудачкиот квинтет на ЗГФ на фестивалот „Охридско лето" како прва виолина ќе гостува концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Владимир Костов. Владимир Костов е солист, камерен музичар и професор на ФМУ-Скопје. Покрај настапите во оркестар, Костов е солист со неговиот матичен оркестар и Камерниот оркестар на МФ, во неколку наврати свири во Светскиот оркестар на Музичка младина, а основач е и член на повеќе камерни ансамбли како: „АЛЕА", „Бахус", „В.А.М", „Бревис" и „Кон Темпора". Костов е голем поддржувач на младите таленти и е творец и раководител на фестивалот за млади виолинисти „Виолин фест". Дуња Бонтек е заменик концерт-мајстор на Загрепската филхармонија и соработник и член на повеќе значајни хрватски ансамбли: Вараждинскиот камерен оркестар, Хрватскиот барокен оркестар, Задарскиот камерен оркестар и оркестарот Загрепски солисти. Покрај тоа членува и во Камерниот оркестар „Метрополитен" во Виена. Била заменик водач во Симфонискиот оркестар ХРТ, настапува како солист во повеќе оркестри и била прогласена за најперспективен млад уметник во Хрватска. Илин-Диме Димовски е македонски контрабасист со интернационална кариера кој скоро една деценија делува во оркестарот на Загрепската филхармонија. Образованието го стекнува во престижни музички центри во Велика Британија (Школа за музика „Гилхол") и во Трст каде дипломира и магистрира. Во Загреб соработува со Загрепските солисти и Хрватскиот камерен оркестар, а тутор и водач на проектот е на Летниот музички камп за контрабас во Грожњан. Основач е на неколку камерни ансамбли во кои членуваат реномирани хрватски, македонски и интернационални музичари. Александар Иванов, најмладиот добитник на наградата Виртуози во категоријата Млад музички уметник за 2015 година е роден во едно од најстарите музички семејства во С. Македонија. Во моментот тој е студент на престижната школа за музика „Џулијард" во Њујорк, САД во класата на проф. Лори Смаклер. Покрај големиот број државни награди, Александар е добитник и на значајни меѓународни награди како Лауреат на виолинскиот конкурс во Санкт Петербург, Прва и специјална награда од Дунавскиот симфониски оркестар, Будимпешта и многу други. Бележи солистички настапи со Македонската филхармонија, оркестарот на Музичка младина на Македонија, Дунавскиот симфониски оркестар, Класик ФМ радио оркестарот и др. Настапувал со диригентите: Борјан Цанев, Марин Алсоп, Андраш Дек, Веско Пантелеев – Ешкенази, Џошуа Гирсен, Марк Расел Смит, Пол Брајан. Иванов постојано е присутен на македонската музичка сцена, но и надвор од неа. Во Виена има голем број солистички и камерни настапи. Настапувал на Европскиот музички фестивал во Софија, Виолин фест и Златна лира во Скопје, Curtis Summerfest, Philadelphia, а на отворањето на фестивалот Денови на македонската музика 2018 год. му се укажува честа премиерно да го изведе виолинскиот концерт на неговиот постар брат, композиторот Филип Иванов. Александар Јакопанец, на виола е дипломец на Музичката академија во Загреб кој се усовршува и на Музичката школа на Универзитетот Колумбус во САД. Покрај работниот ангажман во Загребската филхармонија, тој е водач на секцијата виоли во оркестарот „No borders", а коосновач е на Хрватскиот гудачки квартет. Делува како постојан член на „Загребските солисти", Вараждинскиот камерен оркестар и Хрватскиот барокен ансамбл. Свири и барокна виола што му овозможува и истражување на барокниот репертоар. Како камерен уметник и солист настапува на бројни фестивали и манифестации, а уметнички раководител е на фестивалот „АмадеусФест" во Бјеловар. Почетокот на концертот е предвиден во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија.Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија, каде во некои области се очекуваат и до 200 милиметри дожд за неколку часа, соопштија метеоролозите. Поради портокаловото временско предупредување, денеска во Џенова беа затворени сите образовни институции, додека во централна и западна Тоскана е издадено жолто предупредување поради можни силни грмотевици, пренесува Аднкронос. Метеорологот на италијанскиот портал iLMeteo, Матеја Гусони изјави дека силно атмосферско нарушување од Атлантикот носи значително влошување на времето, кое прво ќе ги зафати северните, а потоа централните и јужните делови на Италија. Според него, областа со низок притисок што ќе се продлабочи над италијанските мориња ќе извлече влажен воздух од Медитеранот и силни јужни ветрови, што може да доведе до развој на многу силни и долготрајни бури, особено пред брегот на Лигурија. „Регенерирачките“ бури, односно системи со грмотевици кои речиси не се движат и носат обилни врнежи во истата област со часови, може да предизвикаат екстремни количини на дожд, до 200 милиметри за само неколку часа, во централните и западните делови на Лигурија. Ова, како што изјави Гусони, е количината на врнежи што обично паѓа во текот на приближно два месеци. Обилни и долготрајни врнежи денеска се очекуваат и на Алпите, предалпските области и рамнините на северна Италија, особено во Пиемонт, Ломбардија, Венето, Фриули-Венеција Џулија и Тоскана. Very heavy precipitation is occurring over the open sea between the Gulf of Lions and the Ligurian Sea (Mediterranean). This precipitation poses a danger, particularly in the inland areas of #France and #Italy. #weather https://t.co/vSani3qnB6 — NewsFromSea (@riskiomap) October 20, 2026 Во среда невремето треба да се придвижи кон централните и јужните делови од земјава, особено долж Тиренското Море, каде се можни пороен дожд и грмежи. Метеоролозите предупредуваат и на силен јужен ветер, особено долж брегот, кој би можел да надмине 50 до 60 километри на час, поради што на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни при патувањето и да ги следат предупредувањата од цивилната заштита. Првото подобрување на времето се очекува во четврток на 22 октомври, кога во поголем дел од земјата ќе има повеќе сончеви периоди, но веќе во петок ново атмосферско нарушување може да зафати одредени делови од централна и северна Италија. Во Џенова сите училишта се затворени поради портокаловото предупредување кое важи од 07:00 часот утринава до полноќ. Градските власти ваквата одлука ја оправдаа со прогнозите на метеоролошката служба Арпал и фактот дека земјиштето е веќе заситено со вода по обилните врнежи во неделата, особено во источниот дел на градот. „Центарот за оперативно управување одлучи за утре да ги затвори училиштата од сите нивоа, имајќи ја предвид прогнозираната состојба и големото оптоварување на теренот по интензивните врнежи“, се вели во соопштението на градската управа. Градскиот советник за образование Рита Бруконе потврди дека сите училишта во Џенова ќе бидат затворени. Во Тоскана е издадено жолто предупредување за силни грмотевици, кое ќе важи од 15 часот. до полноќ. Претседателот на Тоскана, Еугенио Џиани предупреди дека од попладневните часови, а особено во вечерните часови локално се очекуваат многу обилни врнежи, придружени со поројни поплави и силни налети на ветер, особено на островите, долж брегот и во западните делови од регионот.Тагови: италија невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветСе запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)Моторот на патнички авион Ербас А320 се запали кратко пред полетувањето на Меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, главниот град на Перу.Снимките покажуваат густ црн чад како се издига од левиот мотор. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани, а според потврдата од LATAM Airlines, никој не е повреден. #Último Ala de un avión de LATAM que iba a Piura se incendió está mañana antes de despegar en el Jorge Chávez. Segundo incidente seguido de la aerolínea (luego de la despresurización del avión que iba a Sao Paulo el viernes). Empresa indica que origen del incidente será evaluado. https://t.co/vIdcnZOOFg — Paolo Benza (@paolobenza) October 19, 2026 Покрената е истрага Компанијата LATAM Airlines го опиша инцидентот како „непредвиден технички настан“. Околностите на инцидентот и неговата причина сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.Тагови: авион Перу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МетеоУтре претпладне сончево и облачно, попладне дожд Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 15 Крушево, 20 Берово, Претор, 21 Охрид, Маврови Анови, Крива Паланка, 22 Прилеп, Тетово, 23 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Битола, Велес, 24 Кавадарци, Штип, Скопје – Петровец, Струмица, 25 Гевгелија, 26 Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter