Музичарите на ротердамската филхармонија онлајн ја изведоа ,,Одата на радоста” (ВИДЕО)

Поради глобалната пандемија на коронавирус, скоро сите настани во живо се одложени додека земјите се обидуваат да го забават ширењето на коронавирусот, но многумина наоѓаат начини да ги инспирираат другите во таквата ситуација.

Благодарение на технологијата, Ротердамската филхармонија ја изведе ,,Одата на радоста ‘ на Бетовен со 19 музичари кои свират од своите домови. Секој музичар го снимал својот дел поединечно, а делови од снимката потоа беа додадени во аудио миксот, заедно со архивските записи на последниот настап, пренесува Еуронјус.

Видеото стана вирално на социјалните медиуми, а многумина беа допрени од креативноста и ентузијазмот на музичарите. „Точно тоа ми требаше“, коментирал еден. „Прекрасно“, напишаа многумина.

Деветтата симфонија на Бетовен беше првично напишана и компонирана во раните 1820-ти пред да биде изведена за прв пат во 1824 година во Австрија. Тоа претставува триумф на човештвото над војната и очајот, заснована врз поемата од германскиот поет, драматург и историчар Фридрих Шилер од 1785 година.

притисни ентер